Даниел Богатинов од 18 месеци останува сирак без татко. Можеби уште од тој момент се претпоставува тежината која ќе го прати сиот живот. Живее и расте со баба, слеп дедо и мајка која како што вели тој, веројатно поради тешкото живеење го остава сам со сестра му кога имал само 15 години. Можеби и не му менува ништо драстично зашто Даниел веќе мачнината и немаштијата одамна ја имал почувствувано. Ги закопува и баба си и дедо си единствените луѓе кои до крај ќе останат со него. Па, со скромните пари кои како аргат ги зараборува од куќа во куќа ќе ги искористи за приправање на куќата во која наскоро ќе донесе невеста. Ќе создаде семејство. Му се раѓаат три сина. И, додека тој работи во Струмица и се бори за фамилијата, повторно ќе се почувствува предаден. Овој пат од сопругата-ќе рече тој, бидејќи таа заминува со децата во Италија и се премажува со прв браучед на Даниел. Црни епизоди се нижат во животот на Даниел од неговото раѓање, а, можеби и најтешката ја доживува лани кога поради неисправна инсталација гори и куќата која се десет прсти ја градел самиот тој. Денес, живее во импорвизирана соба во која има само кревет и прозорец и никакви услови за живот. Стресот ќе му донесат и нарушено здравје и два мозочни удари на 38 години. Затоа Даниел се моли за помош да се вработи за да може да обезбеди за храна и да ја доправи куќата која пожарот му ја одзема. А, потоа ќе може да се надева дека барем еден од синовите некој ден ќе дојде во посета за да може да му се исполнат срцето и душата.
Даниел е роден во село Теранци, Кочани. Растен само од мајка уште од мал ќе ја чувствува празнината од татка си кој умира кога тој имал само 18 месеци. Се грижел за старите баба и дедо, а еден ден за жал ќе остане сам без никој, зашто и мајка му одлучува да се омажи и никогаш повеќе да не го побара –вели тој.
Мислејќи дека ќе ја победи судбината и надмине кармата од лошиот на живот на родителите, Даниел млад одлучува да создаде семејство и му се раѓаат три деца, тројца негови наследници. 12 години тој оди и работи каде ќе го викнат и што ќе му кажат, па, еден ден додека го чека семејството добива глас дека веќе треба да продолжи сам бидејќи сопругата вели тој одлучила да се премажи со неговиот прв роднина и да замине во Италија. Тоа е денот и кога последен пат ќе си ги види децата.
-Можеби да не останев сирак без татко немаше да ми биде волку тежок животот. Сиромашно живеев од дете, со десет прсти зградив куќа и одлучува да се жени. Создава семејство и му се раѓаат три сина. Додека работев и печалев еден ден сопругата избега и се премажи за прв братучед. Ме остави без моите синови. Замина со него во Италија- вели Даниел за Срце на дланка.
И, никако да тргне на подобро животот на Даниел, па, лани на 7 октомври уште една црна дамка ќе стави печат во неговиот горчлив живот. Додека тој бил на гости кај неговата сестра дознава дека куќата му се запалила и дека сиот труд низ годините му оди во неповрат. Денес, Даниел живее во мала собичка во која нема ништо освен кревет и мала маса, а, темнината и студот му се единствените придружнички во деновите кога е гладен, но и во ноќите кога му е студено и е осамен. Затоа посакува само единствена шанса да се вработи за да може да го врати долгот кон ЕВН и да ја доправи куќата. А, потоа ќе му преостанува дека еден ден некое од децата ќе го посети и би останало со него.
-Како да беа малку несреќи во животот па лани пожар ми ја изгоре куќата. Сега живеам живот без струја, без работа и во долгови. Имам уште 20 денари за да го поминам денот. А, знам да бидам гладен и по една недела. Но, срам ми е. Трпам, се мачам, ама по комшии не одам да се срамам. Јас можам да заработам за живот, но ми треба шанса за да се вработам и за да излезам од оваа криза-завршува Даниел.



