Лина: Се бањам со ладна вода и добивам температура

Оливера Митевска е родена и живее во Скопје. Иако, со многу турбуленции, падови и подеми, успева со поранешниот сопруг да создадат дом и семејство од 2 деца. Александар и Лина. Денес, момчето има 19, а Лина 12 години. Никогаш, ќе рече Оливера не сум дозволила да им фали на моите деца. Сум спиела и по подруми само да го изградам овој дом. Но, пред неколку години, откако нејзиниот сопруг заминал во Германија се испишува поразлична историја во нивниот животен дневник. Започнува да владее недоверба, семејно насилство кое се случува пред очите на децата, кое освен трауми кај сите ќе резултира и со развод помеѓу нив двајца. Тешко минале годините од пандемијата, зошто, поради тоа што Оливера по професија е готвач беа затворени сите ресторани и останала без работа. Па, тие три години морала да се симне неколку скалила подолу и да моли социјални служби за храна. А, најтешкиот удар го добива пред еден месец, кога како што вели таа, сопругот ја препишува куќата на мајка му, па после разводот по наредба од неа, и ја исклучиле струјата. Денес, ова семејство живее во темнина, премрзнато и разочарано и моли за помош да се снајде макар зимава, додека не го изгубиле сосема здравјето.

Оливера детсвото го минала во Новоселски пат, и млада се заљубува и се сели во куќата на сопругот. Прво во заедница, а, потоа со макотрпна работа од утро до мрак ќе гради цигла по цигла за да изгради со сопругот топол дом. Создава семејство, ги расте децата, некогаш погоре, некогаш подоле но, никогаш на дното, се до пред некоја година кога неочекувани околности ќе го растурат нејзиниот брак поради тешкото семејно насилство кое таа и децата со месеци го трпеле.

-Млада се омажив и почнав да живеам во заедница со свекрва ми. Одлучивме со сопругот да градиме нов дом. Отворивме ресторан и дење ноќе сум спиела таму само да спечалам некој денар. Почнавме цигла по цигла да градиме и се создаде куќата во која создадовме семејство. Децата се мојата светосст. За нив би дала се. Александар и Лина ми се се во животот. Но, пред пандемијата сопругот замина во Германија и тоа беше почеток на крајот на нашиот среќен живот. Кога се врати продолжи со семејно насилство и неизбежно беше да се разделиме. Но, пред разводот имотот го префрлил на име на мајка му и сега јас во својата куќа сум странец. По наредба на свекрвата исклучена ми е струјата и во ова сстудено време, ај што јас се смрзнувам ама и нивните деца и внуци се смрзнуваат- вели за Срце на дланка Оливера Митевска од село Марино.

И, таман човек кога ќе помисли дека е среден и среќен започнуваат сомнежи да го поткопуваат бракот на Оливера. Иако, ќе рече таа го сакала повеќе од себе, сепак таа љубов никогаш не и била возвратена, и на крај сето тоа резултирало со развод. Но, резултатите од разводот ги чувствува и денес, не само таа туку и нејзините деца кои за жал патат најмногу-додава Оливера. Зашто и на волку студено време, ова семејство останува без струја и не знае како ќе помине зимата.

-Вчера се бањав со ладна вода и се сушев со пешкир. После тоа имав температура и ме болеше главата. Повеќе не ја сакам оваа куќа. Ме потсетува на лоши работи-вели малата Лина, која е ќерка на Оливера,

Најтешки на Оливера и децата им се последните години откако фатила короната која поради никаков приход морала да зема храна од цркви и хуманитарни организации, а, посебно тешко им е последните два месеци откако, како што вели оваа тажна мајка, по барање на незјината свекрва, ЕВН ја исклучила струјата во нејзиниот дом затоа што сопругот пред разводот ја префрлил куќата која и таа ја градела на име на мајка си.

И, во моментот на снимање и денес сеуште тежок е животот на Оливера и децата. Јака сум, силна сум, барам излез од ситуацијава– ќе каже таа за себе, но, ова повеќе не се трпи. Сепак, таа потајно се надева на финансиска за помош, за да излезе под кирија со децата додека не се разболеле сите сериозно.