Од болки навечер не спијам, но, мора да оздравам за да ги остварам моите соништа!

Никола Георгиев е младо момче, матурант со големи планови во животот. Силно, позитивно и вредно секој слободен момент го користи за да работи за да не биде терет на домашните. Немал среќа да ги запознае своите родители бидејќи татко му починал набрзо штом тој се родил, а, мајка му го оставила-вели тој и никогаш не прашала за него. Затоа тој пораснал со баба му и дедо му во Црешево, кои го чуваат од негова девет месечна возраст. Единственото богатство што го имаат дедо Лазо и баба Рада е Никола за кого би дале се. Го растеле како свое дете во хармонично семејство и тоа им е единствениот наследник. Иако, сеуште не ја прежалиле загубата од синот пред неколку месеци добија нова вест која безгрижноста на овие луѓе ја замени со солзи и неспиени ноќи. Случајно на стоматолог дознаваат дека Никола е болен од сериозна ретка болест. Преку пријателка стапуваат во контакт со болница во Турција која за поставување на точната дијагноза и почетно лекување бара над 100000 евра. И, додека секоја втора вечер ова младо момче се бори со сериозните болки хуманиот народ несебично донира, но, бидејќи лекувањето ќе трае долго и ќе чини многу, ставајќи ги во мирување сите идни планови ова семејство одлучи да ги стегне забите во оваа тешка битка и да му помогнат на единственото чедо.

 

Никола има само 19 години. Сираче е од свои 9 месеци и затоа баба му и дедо му го чуваат сиот живот. Татко му починал додека тој бил сеуште бебе, а, мајка му ќе каже тој се премажила и веќе никогаш не прашала за него. Темпераментен како мал, вреден и посветен на училиштето и работата како млад, Никола имал планови по матурирањето годинава да замине во Малта на работа за да им помогне на баба му и дедо му и да им возврати за досегашната грижа. За жал, неубава вест за сериозноста на неговото здравје ќе се обиде да ги стопира неговите планови и да го прикова дома борејќи со непозната болест. И, иако со болки е многу часови во денот тој во ниеден миг не ја симнува насмевката што уште повеќе ја покажува големината и силата на ова младо момче.

-Додека сите деца растеа со мајка и татко, јас за жал татко ми го изгубив како бебе, а, мајка ми никогаш не ме побарала од моментот кога ме оставила. Се што знам за себе и за животот го имам научено од моите баба и дедо. Тие ми се се во животот. Мојата најголема поддршка. Дедо и последните пари би ги дал за јас да имам се што сакам. Но, не сум сакал да им бидам терет и затоа од мал сум работел се што можам. Денес сум матурант и плановите ми беа да заминам да работам во Малта после завршувањето на училиштето. Сепак, еден неочекуван настан ми ги поремети сите планови- ја започнува за Срце на дланка, младиот Никола својата приказна.

-Ги правев забите и случајно и Никола дојде со мене кај заболекарот. Забележа нешто чудно, но мислевме дека е парадентоза зашто му паѓаа забите. Сепак, сите во фамилија го имаме тој проблем. Но, докторката се посомнева и рече да одиме на испитувања. Се додека еден ден не не „треснаа од земја„ со страшна дијагноза која ни ги смени преку ноќ животите на сите-Вели низ солзи дедо Лазо, дедото на Никола.

-Уште не сум ја преболела смртта на синот, а, ме известија дека внук ми е сериозно болен. Сега ли требаше ова да му се случи кога деца на негова возраст се радуваат на животот и имаат најголеми планови- плачејќи раскажува баба Рада, бабата на Никола.

Во секое зло има добро- ќе кажат старите, а, доброто кај ова семесјтво е што преку пријатели тие дознаваат за болница во Турција која дава добри прогнози за престојното лекување на Никола кое само на почетокот би чинело 110000 евра и би било долгорочно. А, уште подобро е што народот по којзнае кој пат посебно кога станува збор за млад живот несебично од себе го дели и последниот денар само тој живот да го спаси. Затоа, Никола и неговото семејство е преблагодарно и ги отвора вратите за секој кој сака да му помогне.

-Јас сум шофер и имам многу познаници. Ги пративме документите и во Франција и во Бугарија, но, некако најиздржан одговор добивме од Турција каде ќе се одвива лечењето на внук ми. Сумата е преголема 110000 евра само за почеток. А, лечењето ќе биде тешко и долго. Спремен сум на се. И куќата да ја ставам под хипотека само да го спасам животот на моето дете-не издржувајќи со емоциите веќе низ солзи кажува дедо Лазо.

-Имам многу болки, но, полесно ми е кога знам дека целава држава е со мене. Не ни претпоставував дека има волку добри луѓе. Мојата врата е отворена за сите. Било за совет ако се соочуваат со сличен проблем, било за помош. Ме чека тежок пат во Турција и ова е само почетна сума за лечење. Подготвен сум на оваа битка и нема да се откажам додека не победам. Знам дека на крајот се ќе биде во ред и јас ќе продолжам онаму каде застанав. Млад сум и морам да живеам за да им возвратам се на моите баба и  дедо- завршува Никола.

Cите што сакате да помогнете и придонесете во лечењето на Никола тоа можете да го стоите на броевите за донации:

А1 143488 

Т мобиле 143117

Денарската сметка на Стопанска банка 200003717578051

Девизната сметка на Стопанска банка İBAN Code MK07200004066300617