Радмила Каранфилова е млада жена, која има 22 години. Веднаш по завршувањето на средното образование во Штип, се мажи и во Виница досега дури пет пати се остварува како мајка. Нејзините пет чеда се нејзино најголемо богатство. Јана, Роби, Иван, кристијан и Тоше причината поради која оваа мајка се буди и живее. Прескромни деца кои со малку се научени да бидат задоволни. За жал, Радмила од раѓање има хендикеп кој никако не успева да го победи. Тешкотии во говорот и нејасно зборување, кој додека била мала не бил соодветно третиран, па, затоа и постојано наидува на рампи во животот, посебно во изборот на работа за да му обезбеди посигурен живот на семејството. Можеби скромниот живот и немаштијата и некако ќе ги надмине, но потребата да се искаже како останатите, и трудот што го вложува за да го каже својот проблем очигледно и се најголемата битка со која сиот живот војува. Да може да ја добие битката можеби Радмила ќе биде сосема друга личност. Би имала сосема други визии во животот. И, цели и понуди. За жал вака е хендикепирана во можноста да се докаже. Затоа сопругот е принуден да работи по две смени во денот, за да обезбеди средства на ова седумчлено семејство.
Радмила е многу млада. Живее во Виница во семејната куќа од нејзината свекрва. Мајка е на пет мали англечиња. Како дете немала лош живот, но, од секогаш имала проблем во зборувањето кој здравствено не бил соодветно третиран, па денес на оваа возраст тоа и создава голем хендикеп и проблем во наоѓање добра работа, а со тоа и можност на нејзините деца подобро да живеат.
-Децата се мали имаат свои барања. Две деца одат на училиште и им давам по 20 денари. Дома им правам некоја манџичка и ако остане некој денар купуваме пелени за бебињата. Немам услови за спиење, спиеме сите на куп, а и јас како мајка сакам децата да ми имаат се како и другите деца што имаат – вели оваа млада мајка.
Животот на жена со деца е навистина исполнет со љубов, но и со обврски кои Радмила не може сама да ги постигне, па затоа поголемите деца седумгодишниот Роби и шест годишната Јана се трудат околу помалите бебиња, додека мајка им подготвува ручек за сите, а, татко им е на работи дури по две смени во денот. Сепак, лошиот живот на ова семејство се одразува и врз децата, кои многу често се болни. А, како и сите деца на таа возраст и покрај ограничениот буџет на Радмила бараат се што ќе видат кај другите дечиња.
-Маж ми работи две смени на работа за да се прехраниме. Јас се сама се справувам со децата. Ми помагаат поголемите деца, Роби и Јана ги чуваат бебињата инаку не можам да постигнам се- додава Радмила.
Најголемата желба на болен човек е да оздрави, па така и на Радмила само срцето и знае колку сака да зборува како и останатие и да го надмине проблемот со неможноста да се искаже. Затоа, и покрај тоа што и треба и реновирање на полупразниот дом, ќе ја заврши таа својата сторија со реченицата: „Да можам да зборувам убаво, никогаш нема да се пожалам дека ми е тешко„!
Доколку сакате да помогнете на ова семејство тоа може да го направите на нејзината лична жиро сметка 300057079428973 Комерцијална Банка или на телефонскиот број на Радмила Каранфилова 078440072
Линк од емисијата:



