Менсур Бег е роден и сам живее во родниот дом во село Пласница. Има само 54 години, но многу тешка судбина. Единствен од браќата кој ги исчувал до последен ден родителите. Работел како калфа и имал релативно добар живот како млад. За жал во младоста зад него е и еден неуспешен брак. Потомци нема. Поради грижата кон мајка си останал без работа зашто не можел и да оди на работа и да се грижи за неа. Од 4 март 2017 веќе се менува неговиот живот. Останува сам во домот кој веќе се распаѓа. За жал осаменичкиот живот му нанел само штета. Многу болести, многу тага, многу нервози го исполнуваат неговиот живот. 5000 денари месечно ги дели за се. Најважно за лекови кои ги пие за срцето и другите хронични болести. Храна има само за неколку дена, остатокот од месецот го живее на вересија. Еден ден за жал ќе посака и да си го одземе животот. Многу е разочаран зашто го избегнуваат дека е сиромашен и недостоен. Да не се хуманите луѓе во зима би премрзнал. И, иако сеуште се моли секоја вечер Господ да го земе, потсвесно се надева дека некои хумани луѓе ќе му ја вратат вербата во животот и ќе успее да се смести во дом ако ништо друго барем да не умре осамен.
Менсур е роден и потекнува од село Пласница. Имал добро детство и убави планови кои за жал се пресекуваат со смртта на родителите. Кога мајка му паѓа во кома бидејќи единствено тој од браќата се заложил да ја чува, па, морал да ја напушти работата и четири години бдеел над неа. Потоа, и него го напаѓаат болести, а, најмногу ќе го повреди сиромаштијата поради која се оддалечува од светот и завива во самотијата, па денес принуден е да гладува, храна да зема задолжувајќи се во продавница, а некогаш и да заспие без испиени лекови.
-Некогаш како помлад убаво живеев. Со родителите обработувавме земја, чувавме животни, садевме зеленчук. Имавме хармонија во домот. Бевме среќни. Многу бев млад кога почина татко ми, браќата се оженија, отидоа во странство. Јас останав со мајка ми сам. Зад мене е и еен неуспешен брак од кој немам деца. Бев и вработен. Се ми одеше добро. Но, пред десет години мајка ми остана во постела неподвижна. Во прво време одев на работа и се грижев за неа. Но, подоцна бев принуден да дадам отказ. И, веќе започна мојот пекол. Мајка ми почина, јас веќе не можев да најдам работа, почнаа да ме напаѓаат болести и јас почнав да тонам-ја започнува Менсур од Пласница својата животна сторија.
На осамен човек најтешка му е осаменоста и сознанието дека не вреди и дека е отфрлан од сите. Затоа овој човек посегнал и по својот живот, а, ќе каже нема ништо потешко од тоа во себе да имаш само душа. И, иако секоја вечер се моли на Господ да му ја земе душата, се надева и потсвесно посакува Дом за старци каде би го минал остатокот од животот.
-Веќе не можев да издржам и одлучив да си го одземам животот. За среќа или несреќа не знам но дојде еден сосед и ме видел. Веднаш ме симнал од бесилката и ми дале вештачко дишење. Не вратија во живот. Веќе започнаа и проблемите со срцето. Два пати бев на операција, а сега за 6000 денари не можам да отидам да ми направат и трета. Ако верувате секоја вечер се молам на Господ да ме земе. Повеќе немам ни зошто да живеам, ниту пак имам волја. Не сум старо, ама се чувствтвам осамен и непосакуван ос соселаните. Со минимална помош едвај се прехранувам. Немам ниту радио, ниту телевизор, ниту пак некој сака да дојде или да седне со мене да поразговара. Зошто би жеивеел и како човек би бил среќен да е на мое место. А, да имам поголема помош да ја средам собава, да се облечам како човек, да можам да седнам и едно сокче да се напијам со селаните во кафитерија ќе ми помине денот и времето. Вака е многу тешко и не знам до кога ќе издржам-завршува Менсур.
Доколку сакате да му помогнете на Менсур тоа можете да го направите на неговата лична трансакциска сметка во Уни банка 240337106952508 или преку контакт на неговиот личен телефонски број 070925146.



