Никогаш во животот не сум пробала смоки и кифла од продавница, другарчињата секој ден ми се потсмеваат!!

Блаѓе Николовски иако има три рожби несреќно живее. Времето за него како да застанало. Се што тече и се зголемува се само маките и проблемите. Пораснат како сираче со само еден родител, можеби уште од детството се насетувала неговата тешка сегашност. Пред дваесетина години се жени и создава семејство кое премногу го сака. Но, нема услови за да го прехрани. Ниту да му обезбеди поубав живот. Сопругата е постојано со болниот Лука кој сам не може да ги извршува своите обврски. Немаат средства ниту да го лекуваат. Најголемиот Марио постојано е со стоката и нема среќа да најде вработување зашто скромниот дом кој е високо на еден селски кратовски рид е со часови оддалечен од градот, а до него нема ниту автобуски превоз. Од таа причина не работи ниту Блаѓе. Ни млекото од кравите кое го произведуваат немаат како да го симнат за да го продадат, зашто само во еден правец одење со такси треба да платат 400 денари. Можеби во целава приказна најтешко и е на Кети. Малото симпатично девојче, кое е постојано исмејувано од другарчињата зашто со години на училиште оди со истата облека, и која често и е валкана зашто паѓа во калта по патот до училиштето. Таа низ солзи ќе каже и дека мора да оди гладна и да ги гледа како другите деца јадат кифли и смоки, а таа тоа никогаш не го вкусила. Во ова семејство не се знае кому е потешко, на децата кои мечтаат за убав живот или на родителите кои немаат можност да им го обезбедат тоа. Но едно е јасно, тука сме повеќе од потребни, да се сплотиме и направиме да заборават на лошото минато.
Најголемата болка за еден родител е да не му обезбеди достоинствен живот на своето дете. Можеби несреќно било детството за Блаѓе Николовски од Секулица, Кратово, но, уште понесреќно е детството и младоста на неговите три деца Марио, Кети и Лука, кои во време кога некои деца имаат се, тие не можат да си дозволат ниту обична кифла и вода. Блаѓе за себе ќе каже дека израснал како сираче и се што постигнал до денес, е благодарение на неговите десет прсти. За жал, оддалеченоста на нивната куќа од еден кратовски селски рид до градот е голема, па, и покрај тоа што би пронашле работа, тие не можат да стигнат бидејќи немаат превоз. А, животот во една соба за нив е приказна за себе. Распоредени пет души на три кревети од кој не се знае кој попрво ќе падне, тие кришум ја крадат топлината од дотраениот шпорет на дрва, на кој понекогаш доколку дојдат до некој денар излегува мирис на сварени макарони и испечен леб, единствената храна со која ова семејство се прехранува сиот живот. Капак на се е и болеста на малиот Лука, за чие лечење родителите немаат пари и се со врзани раце, немајќи како да му помогнат.
-Сираче сум од мал и се што сум постигнал е со овие мои десет прсти- ќе ја започне својата животна сторија Блаѓе Николовски. Оформив семејство, кое за жал пати и живее недостоинствено. Селото нема автобус до Градот, па и да најдеме работа нема како да отидеме. Сум работел на многу места, и во други градови, но, минимална сума ми останувала за д испратам дома, а жената сама со три деца не знаела како да се справи. Посебно тежина ни даде најмалиот Лука, кој е дете со посебни потреби и со кој жената мора секој ден да седи во училиште- додава тој. Чувам крави во несоодветна штала која може секој миг да падне, и ако продадам една ќе купам брашно и јадеме само тоа.
-Многу тешко живееме. Земавме социјлна помош, но и таа ни ја укинаа зашто син ми Марио работел и му префрлиле пари на сметка. Останавме и без тој приод, и веќе не знам како ќе преживееме-додава Мери, сопругата на Блаѓе.
Семејството на Блаѓе живее само од 6000 денари нега што ги земаат за болниот Лука. А, боли кога детето ќе побара, а родителот не може да одговори на неговата желба и потреба. Таа болка Блаѓе ја чувствува сиот живот. Иако, измачен и изнамачен од тешка работа и одење пеш за да обезбеди корка леб, не се предава, чува стока со синот, произведува млеко колку за семејството, зашто и нема опција како да го симне и продаде. Сепак, ќе рече најголема желба ми е да се вработи синот или ако имаме шанса да ни се помогне да се симнеме некако во Градот за да може и јас да работам и полесно да фунционираме.
-Многу ми е тежок животот и условите. Немам облека, мама нема пари да ми купи, па дечињата во училиште ми се потсмеваат. Одам со стара облека, патот е многу лош, па кога врне се лизгам, паѓам и одам со кал во училиште. Тогаш децата уште повеќе се потсмеваат. Ми се смеат и дека немам пари и дека имам стара куќа. Никогаш во животот не сум пробала смоки. Децата јадат и не ми даваат. И Лука ми вика, дадо купи ми смоки, а јас викам немам Лука пари. И, така плачеме, па ќе се смириме, и си доаѓаме дома и јадеме што има – додава храбрата Кети која има само дванаесет години. Во една соба живееме пет луѓе. Јас и Лука спиеме на едне кревет и тој често паѓа од него. Никогаш не сум прославила ниту роденден. На тој излегувам на улица и децата повторно ми се смеат зашто не славам. Сакам да избегам од овој свет – ќе додаде Кети.
Некои луѓе имаат толку тешки денови што изгледа како се да им е срушено и да им се распаѓа. Можеби тие денови само ја тестираат нашата сила и издржливост. И, сакаат да видат дали сеуште веруваме во себе и во нашата среќа. Можеби тие денови се тест и за семејството на Блаѓе, кој кога мисли дека е најнесреќен и уништен ќе започне нов живот. Поубав, помирен и поразличен. Затоа, следниот потег е нашата хуманост. Да направиме уште едно семејство да ја врати вербата во животот.