За син ми да оздрави би одел до крајот на светот!

Свето Спасовски порано бил весел човек и младоста ја поминал забавувајќи ги луѓето со своите музички инструменти. Но, животот подоцна откако ќе се ожени во родниот Пробиштип и ќе му подари син, ќе му покаже дека не е само музика. На седумгодишна возраст додека неговитот син Далибор вози точаче паѓа и дознаваат дека боледува од епилепсија. Од тој период како што кажува овој човек заминува и неговата сопруга и повеќе не го гледа својот син. Цели 30 години оттогаш тој сам се бори и грижи за своет дете. Само ќе рече, да беше здрав се ќе беше поинаку. Веќе нема ни другари, ни пријатели, сите поради состојбата го избегнуваат. Тој не е еспсообен да работи ззашто многу често паѓа и се повредува. Многу ми е тешко за него и не можам да го оставам сам дома да не му се случи нешто. Се би дал и до крајот на светото би го однел да знам дека ќе оздрави. Ова семејство живее со минимални средства од нега кои ги зема за Далибор. Одбиен е неколку пати за социјална помош. Имало и денови кога немал за леб. Условите во куќата се лоши, немаат ниту тоалет па, за таа потреба одат кај соседите. Затоа замолуваат да им помогнат сега кога им е најтешко а да можат макар малку да ја подигнат главата и да живеат полесно.

Свето живеел полесно кога бил млад и заработувал од музиката. Господ ми даде златни раце и многу таленти, но не ми даде среќа да имам здраво потомство – ќе каже тој веднаш штом го прашате како е. Иако се оженил и го добил синот Далибор, сепак на седум годишна возраст неговата мајка го оставила, а момчето возејќи точаче паѓа на земјата и оттогаш започнува неговата борба со епилепсијата. „Цели 30 години каде не го однесов за да го излечам, но неговата состојба е се полоша„.Сега и порано Далибор седи само дома, зашто каде и да оди паѓа и се повредува. Затоа веќе нема ниту другари, ниту пријатели, а како што ќе каже и самиот тој ниту волја за живот.

-Поубаво се живееше порано. Бев млад и заработував од музиката. Потоа се оженив, Југославија се распадна и се се смени. 1984 година го добив синот Далибор, но токму кога мајката го напушти тој возејќи точак на седум годишна возраст, падна и на доктор му кажаа дека има епилепсија. Од тој ден еве триесет цели години, тој, а и јас бел ден не видовме. Тој често паѓа, надвор, дом, на улица, во тоалет. Поради тоа и ми е страв да го пуштам некаде и веќе нема ни пријатели. Кај не отидов и по лекари и надрилекари, ама ништо не му помогна. За него би отишол до крајот на светот да знам дека ќе се излечи- ќе рече овој загрижен татко.

Кога човек ќе рече дека ниту на душман не му посакува ваков живот, значи дека навистина живее тешко и е под стрес. Свето тоа постојано го повторува и кажува дека нема ниту денар приход, често гладуваат со синот. Понекогаш јадат само леб и кромид, или чорба стара по неколку денови. Навечер дури не може да спие и често плаче. Во моментов не е способен ниту тој да работи зашто треба да оди на операција за кичмата и не смее да го остави Далибор сам за да не падне, а најнечовечно и срамно е што нема ниту бања и тоалет, па за тие потреби мора да оди во оние на соседите. Сепак, како и секој родител така и тој ќе рече: Хуманоста и убавиот збор, железни врати можат да отворат„. Кој сака и знае лек за мојот син нека  ми помогне. Зашто за него за негов спас би отишол и до крајот на светот-ќе заврши Свето.

Тој ќе додаде и дека условите во куќата се лоши. Живеат само со средствата од нега на Далибор, а за социјална помош иако неколку пати поднесувал сепак е одбиван.

-Кој веке е сега да одиш д се бањаш и во тоалет кај комшиите. Ама мора, немаме друго чаре. Немаме ни за леб. Една чорба ја јадеме со денови. Некогаш и само леб и кромид, ама ајде никој не умрел од глад, макар тоалет некој да ми помогне да направам –низ солзи ќе посака Свето.

Многумина додека не ги гледаме ќе ни ги пресечат крилјата. А потоа ќе ни се прават пријатели и дека се на наша страна. Тоа се луѓе кои сега ги гледаме, а следниот миг исчезнуваат. Такви се многу, кои сакаат да ги уништат и нашите соништа, само зашто не успеале да ги остварат своите. Но, само еден ја одредува целта и го кажува крајот. Затоа, да ги затвориме очите и ушите пред такви луѓе и да веруваме во себе секогаш. И кога сме на дното и кога сме на врвот.

Доколку сакате да помогнете на семејството на Свето тоа можете да го направите на неговиот личен телефонски број 078521624 и на нивната трансакциска сметка 200002581970436