Приказната за Цвета Попоски која си го отвори срцето пред извесно време доби среќен епилог.Само неколку недели отккао таа побара помош од хуманиот народ, веќе се е есменето во нејзиниот и животот на нејзините деца. Тие живеат во станот на тетката од сопругот, а бидејќи таа поради болест морала да ја напушти работата, подоцна и нејзиниот сопруг останал без работа, па тие не платиле сметки и останале цела зима без струја. Немаа ниту за храна, ниту за ужинка за децата за на училиште, а малиот Кирил не го примаа во градинка зашто се социјален случај. Момлето иако има четири години сеуште не зборува и не е социјализиран зашто седи постојано дома. Сите три деца беа исмејувани во училиште поради нивната финансиско-социјална состојба, па беше неопходно да побараат помош јавно. Нивната сторија веднаш наиде на прием од хуманиот народ, па целтоо семесјтво се заблагодари за се. Тие добиле многу средства со кои е платена струјата. Добиле детска соба која е преубава. Имаат нови апарати за домаќинство. Нови компјутери и телефони. Многу облека. Поголемите деца добиваат оброк на училиште секој ден, а малиот Кирил се додека треба до шест годишна возраст има платена градинка за да може да се социјализира и воспитува како сите деца. Повеќе никој не е исмејуван како порано. А, и самите тие станале хумани и им помагаат на другите што немаат. Сега ова семејство посака само уште социјален стан зашто ги исполнува сите услови и како што вели Марија мајка и да оздрави и друго ништо не сака. Навистина Нашето малку неклму може да значи се.



