За животот на Миле Јосифовски може да дознаеме само преку Исказите на неговата полусестра Наташа. Според нејзиното раскажување, Миле како бебе бил оставен од мајка си која заминала и никогаш не го побарала. Грижата за него била на неговите баба и дедо. Еден ден кога Миле добил многу висока температура со грчеви, тие без да го однесат на лекар можеби ја прават најголемата штета врз неговото здравје. Тој добива толку големо оштетување во мозокот што веќе никогаш нема да биде здрав како останатите. Не можејќи да го чуваат повеќе го дале и во дом за деца без родители. Светина во неговиот живот влегува дури откако татко му се жени со мајката на Наташа и таа одлучува да го земат од домот и да се грижи за него. И, Наташа ќе рече дека толку го засакала Миле што повеќе никогаш нема да дозволи да се разделат. Миле и Наташа од заедничиот брак на нејзината мајка и неговиот татко добиле и заедничка сестра. Воглавно тие двајца имале тешко детство. Исто како и сега тежок живот. Пред неколку години починала мајката на Наташа, очувот заболел од шизофренија, па, започнал пеколен живот за неа и за Миле. Тој бил агресивен и често ги напаѓал и физички, поради што морале да го згрижат во соодветна институција. А, животот на Миле продолжува да биде тежок.Го удрил автомобил и раката му е повредена. Во 2001 –та куршум му поминал покрај глвата и оглувува. А, денес тој живее со едвај 5000 денари месечен приход. Сам во домот кој најчесто останува без струја. Апарати за домаќинство нема. А, толку посакува Тв за да му прави друштво во осамените дни. Има само еден стар телефон од сестра му кој повеќе не работи отколку што работи. Наташа нема моќ да ја среди и поправи куќата зашто иако болна со 7 стена и тумор во мозокот работи за да обезбеди храна за нејзниото семејство и за Миле. И додека е жива вели ќе се грижи за него само да успее малку да му обезбеди пристоен дом и да земе старателство врз Миле.
Миле како многу мал бил оставен од мајка си, па за него се грижеле баба му и дедо му. Можеби од не знаење еден ден додека имал висока температура тие без да го однесат на лекар добива менингитис кој ќе се одрази врз неговата психо-здравствена состојба. Подоцна бил оставен во дом, а во куќата на татка си се враќа дури откако тој ќе се прежени. Иако, живеел дома покрај своите, тој никогаш нема да биде здрав за да работи и функционира како останатите. Мирен, повлечен и без никого да повреди Миле често е мета на несреќи. Па еден ден бил удрен од кола и му била повредена раката, а во 2001-та куршум му поминал покрај главата па станува наглув.
За да ја дознаете тешката судбина и живот на Миле мора да ги слушенете зборовите од жената која порасанала со него и чија мајка се омажила со таткото на Миле, па затоа и тој бил вратен од домот за деца без родители во куќата во Радиовце.
-Многу тешко детство имавме и јас и Миле. Бевме малтретирани од неговиот татко уште како деца. А, денес тоа насилство толку се зголеми што моравме да го пријавиме за да го згриажат во Бардовци. Беше опасно да се живее во негова близина зашто тој боледува од шизофренија-вели Наташа. А, Миле е многу паметно момче, само ете имал таква тешка судбина. Од мал оставен од мајка си, па со висока температура не однесен од баба му и дедо му на лекар. Сега е лице со попрченост кое не може само да си ги извршува основните работи. На цела мака, пред неколку години го изгуби и слухот. Сега кај не може да зборува, тој и не слуша –додава таа.
Миле и покрај лошото детство, убави работи не му се случиле ниту во младоста. Неговиот татко го малтретирал поради што денес е згрижен во соодветна институција, па тој сам во старата куќа со стар нефункционален мебел и апарати живее колку да преживее. Зема само 5000 денари социјална помош и секој ден му е идентичен, тежок и монотон. Посакува многу малку, скромно исто, како што му минува и животот: белеење на домот, машина за перење, телефон и телевизор би ги пополниле празнините во неговото празно срце и би му дале барем малку верба дека добри луѓе сепак постојат на овој свет.
-Денес Миле живее многу тешко. Јас сум во истата куќа и помагам. Кога имам ручек му носам да јаде. Тука сум се грижам за него. Тој зема само 5000 денари социјална помош и тоа не му е доволно. Му дадов едно старо телефонче и само тоа му прави друштво. Дома не му е ниту избелено, нема ниту машина за перење. Многу би му олеснило барем тие работи да ги има. Многу пати немам за да платиме сметки за струја па зимава ни ја исклучуваа. Ама се знаоѓам, ќе позајмам и ќе платам. Колку имам јас има и Миле. Ама и јас сум болна. Имам канцер и не знам уште колку ќе издржам. Затоа ви се обратив за да му помогнете на Миле- вели Наташа.
Луѓето најчесто стануваат изморени од лажните насмевки, лошите луѓе и привидните поддршки. Можеби се одмараат само кога гледаат во очи на соговорнкот додека тој зборува без да погледне на часовник или со онаа личност со која им е убаво дури и додека молчат. Можеби осамените и повредени луѓе посакуваат само да го слушаат гласот на соговорникот и да знаат дека за миг би биле пред нив ако сме им потребни. Тие луѓе сакаат луѓе спроти нив кои имаат душа и во погледот и оставаат и срце на дланката.
Доколку сакате да му помогнете на Миле тоа можете да го направите на телефонскиот број 071390699 или на жиро сметката 320500031314588



