Знам дека непријатно мирисам зашто не се бањам и народот ме избегнува!

Станче Каревска од Куманово иако има само 66 години, има многу тажна судбина. Била многу болна од мала. Завршила само прво одделение и денес знае да си го напише само името и презимето. Била на повеќе операции, меѓу кои пред неколку години и поради сериозен оперативен зафат и било ставено и колостома. Денес, и дополнителната кила во стомакот и го отежнува животот. Едвај се движи. Кесата не знае да ја мести и вади, па наместо тоа става обечни најлонски ќеси или крпи наместо пелени. Се срами и зашто не се бања со години зашто нема купатило, па чека лето за да стопли некое шише со вода на сонце за да се освежи и измие. Но, веќе и тоа и напорно. Во зима премрзнува зашто нема дрва. Куќата тече од сите страни и е неприкладна за живот. А, можеби најтешко од се за оваа жена е што не може достоинствено да го помине денот и најчесто гладува. Јадам само сув леб. Не су пробала ниту урда, ниту сиренце. Благото веќе не знае ниту каков вкус има. А, душа е бара-ќе рече баба Станче. Немам ниту денар. Ополномоштени се други луѓе да ми ја земаат социјалната помош и негата, но, со месеци не ми донеле ништо освен нега. Вака човек не може да преживее. И јас сум душа и мене ми треба кров и храна, топла вода и чиста облека. Верувајте ќе заврши баба Станче-Срам ми е да излезам меѓу народ зашто знам дека непријатно мирисам и затоа и ме избегнуваат.

Станче е родена 1967 година во родната куќа во село Клечовце. Имала и браќа и сестри. Но, денес само таа е жива. Завршила едвај прво одделение и буквално е неписмена. Болежлива била од мала, па има преживеано и многу операции. Одамна веќе имала и операција во која и е отстрането дебелото црево, па денес мора да живее со колостома. Но, не знае како да ги мести кесите, па става обични најлонски ќеси кои не можат да ја завршаат таа функција. Често нема и за пелени, па става обични крпи од алишта. Непријатно ми е од народот и само дома седам зашто знам дека мирисам и не сакам да ме озборуваат. Ама немам купатило за да стоплам вода да се избањам, па некогаш на лето со топла вода од сонцето знам да се искапам и да ми олесни- вели баба Станче.

-Болна сум од мала. Не учев училиште освен прво одделение. Многу сум сиромашна од секогаш. Преживеав доста операции. Немам дебело црево и мора да носам кеси. Не знам да ги местам добро, па ставам што ќе најдам, крпи или анјлонски кеси. Со години не се бањам, не можам. Порано со шишиња стоплени на сонце, ама сега ниту тоа не можам. А, колку би ми олеснило-вли Станче.

Баба Станче има проблеми и со куќата која од сите страни тече. Немам кого да викнам да ми помогне. Земам социјална помош и нега по 4000 денари, ама луѓето кои се ополномоштени зашто јас не можам да одам до Куманово не ми ја донеле негата повеќе од седум месеци. Затоа јадам само суво лепче, а колку само душата ми бара сиренце, саламче или нешто благо. Веќе на храната и вкусот сум го заборавила. Оваа жена се што сака е тоа. Да има некој денар за да го помине денот и да и се санира кровот зашто кога врне и тече вода врз неа.

-Куќата е многу стара. Тече и ми го отежнува животот. Земам социјална помош и нега, но не ги добивам сите средства зашто јас не сум сособна да отидам до град, па прво ополномоштена беше сестра ми, таа кога почина нејзиниот син, мојот внук ги зема. Немам ни храна, немам ништо. Кој ќе ми дава вересија. Никој, многу ми е тешко- завршува Станче.

Не ни требаат луѓе кои ќе не сакаат периодично. Денес или вчера. Па, потоа да следи пауза. Да има доаѓање и заминување, анместо постојано присуство. Ни требаат луѓе кои во овој ладен и суров свет ќе направат наша мала оаза и ќе не гледаат со срце и без предрасуди. Тие луѓе може да ја видат секоја емоција во нашите очи и солзите пред да ни потечат.

Доколку сакате да помогнете на Станче тоа можете да го направите на телефонскиот број 070316394 или на сметката 210501631243520