Греам вода кај соседите за енднаш месечно да си ја измијам макар главата

Саравим Ангеловски родум од Клечовце израснал и се образувал само до осмо одделение поради немање услови за нешто повеќе. На детството се сеќава на пасишта и добиток кој секојдневно го терал на пасење. Имал уште двајца браќа кои неодамна починале. Почнале и неговите родители. А, мајка му која живееле 94 години била негова обврска и ја чувал во постела до нејзината смрт. Саравим повеќе е надвор од куќата отколку внатре. И, оправдано. Можеби имал среќа и дента кога паднал неговиот дел од куќата и што бил надвор. Зашто доколку останел дома денес тој немаше да биде жив. Веќе со години Саравим жиее и без струја во делот од куќата што бил на неговиот брат. Тоа уште повеќе му го отежнува животот. Не може да гледа ниту телевизија, не може да стопли вода за да се избања. А, не може ниту да си зготви. Па од скромните 8000 денари во месецот тој мораа се да купива од продавница за да се прехрани. За жал, овој човек има и проблеми со здравјето. Го болат нозете и не може убаво да оди. Има и проблеми со видот поради старачко перде. Но само еднаш во животот бил на доктор зашто и за тоа требаат пари-ќе рече тој. Кај соседите топли вода за да одржува лична хигиена. Колку и да му е тешко Саравим не се предава и е предаден на судбината до таа мера што не му ниту важно кога и како и го напуштил овој свет. Не можам ништо да променам за подобро да живеам и не се ни надевам дека еден можеби во оваа куќа ќе светне струјата и ќе ми биде поправен домот.

Саравим има 69 години. Роден е и пораснат во кумановско Клечовце со уште двајца браќа и родителите. Можеби сиромашно живеел и тогаш но се било многу полесно. Имало живот-ќе рече тој. Пред 20 години починале родителите, а потоа и двајцата браќа. Никога не бил женет. Можеби денес ќе живееше полесно да имаше некоја сродна душа. Макар за делење на маката понекогаш. Од пред неколку години тој останува и без струја. Еден ден додека бил излезен делот од куќата каде тој седи паднал и сеуште така останал, а оттогаш можеби и двоструко му се отежнува животот зашто нема можност ниту да готви, ниту да топли вода за бањање, ниту пак да гледа телевизија. За да ја измие косата и да се избричи мора да стопли вода кај соседите. Се што прави е кога ќе се раздени е излегување и одење пополека низ селото, така потпомогнат со бастунче зашто одамна веќе тој има и здравствени проблеми.

-Сиот живот сум во ова село. Тешко живеев и како дете, но и сега. Родителите ми се починати. Татко ми одамна, а мајка ми живееше до 94 години. Јас ја чував со години во постела. Еден ден додека бев во продавница мојот дел од куќата паднал и среќа што не сум бил дома. Денес немаше да бидам жив. А, што и ако сум. Зарем вака се живее. Со приход колку за некој ден да купам леб!? Со години немам ниту струја. Па, немам ниту можност за бањање, ниту за готвење и телевизија. Многу тешко живеам-вели дедо Саравим.

Саравим живее со само 8000 денари. Мора се да купува од продавница зашто дома нема услови за готвење, а и да има не гледа со очите а и нема пари за да отиде на доктор. Често вели пензијата ја троши само за леб и млеко. Тешко му е што домот му се распаѓа и тече и најмногу од се сака барем до крајот да ја види како некогаш. Но, тој одамна изгубил верба во добрите луѓе и не се надева на ништо. Само ќе рече немам пари за на лекар за да си ги спасам макар очите. Па затоа не се надевам на никој Како рекол Господ така нека биде-ќе заврши Саравим.

Животот мора да продолжи и кога немаме премногу причини за тоа. А, понекогаш сваќаме и дека не ни требаат премногу чуда за тоа. Само не смееме да се предадеме на судбината. Зашто новиот ден секогаш носи едно ново поубаво лице на животот.

ДОКОЛКУ САКАТЕ ДА МУ ПОМОГНЕТЕ НА САРАВИМ ТОА МОЖЕ ДА ГО НАПРАВИ НА НЕГОВИОТ БРОЈ 077955866 И НА НЕГОВАТА СМЕТКА 320500029431333