Верица Крстеска по професија шивачка, потекнува од Сурдулица, Србија. Убаво живеела како млада во куќата на родителите. При една посета на роднини во Македонија, го запознава Андон-Џиа од Аеродром кој набрзо ќе и стане и сопруг. Оттогаш не сака да слушне за друга земја освен за Македонија. Толку ја закала земјава што ќе и стане како своја родена. Имала и убав живот со сопругот. Иако не добиле потомство се согласувале. Ја средувале бараката и живееле хармонично, иако со нив во истата куќа живее и нејзиниот девер. Сопругот како млад и помагал, но поради проблеми со алкохолот набрзо започнале недоразбирање и семејно насилство. Најпрво Андон добил мозочен удар и останал без работа. Тоа влијаело врз неговото однесување. Еден ден тој толку агресивно ја нападнал –ќе каже Верче, што морала да го пријави и да биде сместен на лечење во болницата Бардовци. Таму се повредил и го скршил колкот, а набрзо после излегувањето доживеал и сообраќајна несреќа. Денес не е способен да работи, а паралелно во исто време и Верче останала без работа. Не можеле да платат сметки и останале и без струја. Се срушил цел свет за ова семесјство последниве 4 години. Верче во моментов иако подработува во еден скопски ресторан како садомијачка сепак 1000 денари приход еднаш двапати во неделата е недоволен за да се плати долгот од 500 евра и да се купи храна за секој ден. Затоа единствен оброк e сендвичот што таа го добива на работа, кој начесто го носи дома за сопругот. Да имам струја вели таа-ќе може да ја средам куќата, да исперам, да почнам да шијам и да застанеме на нозе како некогаш.
Верица потекнува од Србија и имало складно и убаво детство со семејството. На само 20 години доаѓа во Скопје кај роднини каде го запознава Андон, кој набрзо ќе и стане и сопруг. Свекорот и свекрвата не ги запознала никогаш, и сами со сопругот го граделе домот во кој и денес живеат во населбата Аеродром. Со нив живее и нејзиниот девер, братот на Андон. Сопругот бил вреден. И, помагал во домашните обврски и се работеле во хармонија. Се до моментот кога тој ќе започне со еден порок, и поради многу алкохол –ќе каже Верче, станувал многу често и агресивен врз неа. Еден ден толку ја натепал, што таа била принудена да го пријави во полиција и тој да биде однесен на лечење во Бардовци.
-Јас сум по потекло од Србија многу млада дојдов во Скопје. Се заљубив и тука останав. Имавме многу убав живот и живеевме складно и хармонично. Јас работев, тој работеше, дома шиев се одеше супер. Немаме деца, зашто имавме неколку неуспешни ин витра. Така функционираме се додека сопругот не почна да пие и да врши семејно насилство врз мене. Тука со мене живее и деверот. Откако почнаа насилствата се се распадна-вели Верче.
Откако лежел во болница неколку недели, му се случила и други несреќи на Андон. Скршил колк, па кај Новата Железничка станица бил удрен и од автомобил. Денес тој тешко се движи, повеќе лежи и е дома, неспособен да работи. Во исто време и Верче останала без работа, па биле исклучени од струја. Се им тргнало удолу. Секој ден бил обојуван со солзите на оваа жена. Немаат помош од никој освен од маалската фризерка Лиле која и го пријави ова семесјтво за помош. Многу често гладуваат, зашто со 1000 денари колку што на 2-3 дена зема Верче работејќи како садомијачка во ден скопски ресторан, не можат баш ништо да си дозволат. По цел ден само седат о прокиснатата и студена куќа со соларната батерија во рака. И, се молат некој хуман човек да им помогне да ја приклучат струјата за да можат повторно да се вратат во нормала и да продолжат да живеат.
Солзите не се знак на слабост. Тие ссе знак на премор од тежкиот живот. Секогаш кога така ќе се почувствувате, станете исплачете се, па дури потоа тргнете напред. Така се почнува од почеток и се враќа животот во нормала. Кога ќе го разбереме ова, ќе разбереме и дека поимот луксуз значи само малку мир и тишина и спокоен живот без брзање никаде.
-Откако излезе од бардовци сопругот имаше и други несреќи. Го удри кола, па имаше мозочен удар. Остана без работа, во пандемијата и јас останав, и тука веќе започнавме да пропаѓаме. Останавме без струја, без пари, без храна. Сега работам как садомијачка и одам еден два дена во ресторан за да извадам колку за леб. Сендвичот што ми го даваат таму го носам на сопругот. И, покрај се што минавме не би го оставила. Не е лош човек, ама порокот го уништи. Само сакам да добијам струја, да ја средам куќата и се ќе биде како некогаш- додава таа.
ДОКОЛКУ САКАТЕ ДА ПОМОГНЕТЕ НА ОВА СЕМЕЈСТВО ТОА МОЖЕ ДА ГО НАПРАВИТЕ НА НЕЈЗИНИОТ ТЕЛФОНСКИ БРОЈ 076226710 И НА НЕЈЗИНАТА ЖИРО СМЕТКА 200003805350247



