Гемал од Велес поради несреќни околности во 2001-та на само 7 години го губи својот татко во Рашче кој погинал како бранител на земјава. Сеуште мал со братот и сестрата за да завршат во дом, чичко му ја превзема обврската да ги чува, зашто мајката Снежана морала да се врати во Србија од каде и потекнува. Отфрлен и без родителска грижа, осамено и тажно ќе го мине детството. Завршил средно училиште, но постојано работи по нивите. На една таква нива во Гевгелија ја запознава и Сара неговата сопатничка со која ќе започне да отвора нови страници во неговиот животен роман. Десет години ќе живее под кирија со неа додека печали за да купи куќа во Велес. И, иако можеби ја купува најскромната од тоа маало зашто само за неа имал пари сепак таа ќе стане гнездо каде ќе се родат две момчиња и две девојчиња. Најмалото има 5 месеци, а најголемото 4 години. Сиот негов свет заедно со Сара. Но, потоа започнува нова фаза во која Гемал наместо за две, веќе мора да се бори да прехрани 6 усти. Нема стабилна работа. Оди само доколку некој го викне. Социјална помош не земаат и тука започнуваат проблемите. Сара нема како да купи пелени и млеко за бебето и храна за поголемите деца. Кровот тече бидејќи е стар и треба да се смени, па ти сите шестмина спијат во единствената соба која е преполна со лебарки. Најтешко му е кога децата секојдневно му бараат храна, а тој нема за да им купи дури ни најосновно. Затоа сака да замоли за помош да може да најде стабилна работа, Градинка за децата и помош за куќата. За да може здраво и нормално да продолжи животот на неговото семејство.
Иако почетокот на детството за Гемал не давало знаци деке ќе следи тежок живот, сепак после враќањето од Германија во Велес целото семејство на Гемал неговата мајка, брат и сестра доживува голема несреќа зашто ја губи главата на семејството нивниот татко кој загинал како бранител во 2001 година во Рашче. Оттогаш започнува тешкиот живот за него. Мајката заминала за Србија, а тие сеуште мали за да не завршат во дом останале под грижа на нивниот чичко. Откако завршил средно училиште работи макотрпно за да собере пари за сопствен дом. Не бира работа дури и тешка физичка, а посебно желбата за сопствена куќа ќе се продлабочи откако ќе ја запознае 17 годишната Сара која ќе стане негов избор на животен сопатник.
-Роден сум во Германија и многу мал го изгубив татко ми. Во немирите во 2001 година тој загина и сакаа да не дадат во дом. Сепак, чичко ми не зема кај него. Не беше како дома и како со родители ама барем останавме семејство. Завршив средно училиште и веднаш почнав да работам по нивите. На една таква нива во Гевгелија ја сретнав Сара и се заљубив во неа. Се земавме и преселивме во Велес, не знаејќи што не чека понатаму во животот- ќе започне Гемал.
Цели десет години Сара и Гемал работеле за да соберат пари, и купуваат скромен дом во Велес. Бог ги благословува и со четири деца, но денес немаат никаква социјална помош а Гемал не може да најде стабилна работа. Па, сите живеат тежок живот на вересија или купуваат ден за ден од скромната дневница на Гемал кој работи физичка работа. За децата кои се сеуште многу мали некогаш немаат ниту за леб, а сите шест души спијат во претесна соба зашто горните соби се поплавени од кровот кој попушта кога врне. Тоа и им е желбата на сите, да им се помогне околу куќата за да можат да живеат поопуштено и посреќно. Секако и да има барем Гемал стабилна работа за да може да го прехрани целото семејство.
– Тука десет години штедевме за да купиме куќа додека живеевме под кирија. Имавме пари само за оваа куќа преполна влага и со лош кров од кој тече секогаш кога врне. Ни се родија четири деца и денес живееме тешко и сиромашно. Немам стабилна работа, а немам ни секој ден работа. Па живееме само од дневницата ако некогаш ја заработам. Децата бараат. Куќата си бара поправка и реноврање, но ние немам за леб. Да не погинеше татко ми мислам дека се ќе беше поразлично. Вака, се мачат и децата исто како што некогаш јас сум се мачел- вели Гемал.
-Тешко е со толку деца, а да немаш да им дадеш леб на маса. Колку пати бараат а јас им викам нека дојде татко ви ќе ви купам. Но, тој ќе дојде и што попрво да купиме. Дали леб, дали прашак дали пелени. Па, се молам да заборават дека се гладни за да не почнат пак да плачат за храна-ќе рече Сара.
-Јас се барам и сакам манџа, супа, макарони, чоколатце, лижавче…. Ама, мама и тато немаат за да ни купат. И, треба куќава да се среди за да биде убава. Јас и помагам на мама фрлам ѓубре, и помагам за храна. Го чувам бебето- додава четиригодишната Сара.
Во животот понекогаш се што треба да направиме е да ја скриеме болката и да продолжиме понатаму. Не мора сите да знаат дека се распаѓаме. Оние хуманите секако ќе застанат на наша страна. Зашто само кога сме на дното разбираме кому значиме и колку некому значиме. И, да не дозволиме поразите да не натераат да се откажеме од своите цели. Бидејќи токму кога ни е најтешко започнува второто полувреме во нашиот живот, многу посреќно и многу посредено.
Доколку сакате да помогнете на ова семејство тоа можете да го направите на овој телефон 075857851 или на оваа жиро сметка 240297110218112



