Да не бев дома или будна таа ноќ, ќе изгореа моите родители со се куќата

Столе и Лидија Коцевски од скопско Волково имале мирен и хармоничен живот до 23 октомври оваа година. Не ни претпоставувале дека само неколку минути се доволни целата нивна работа и труд да се претвори во пепел. Од некогашната куќа која со години неуморно ја граделе, денес нема ништо. Земјата каде некогаш постоела куќата, само им ги враќа спомените и со солзи се сеќаваат како таму ги растеле децата.

Среќа во целата несреќа е, што таа ноќ нивната ќерка подготвувајќи испит за на факултет не спиела до доцна и го видела чадот што се шири од нивната куќа. Не ни помислувала дека наскоро тој чад ќе биде предвесник на една трагедија. Веднаш ги разбудила родителите, тие го земале со себе неподвижниот 90 годишен дедо и следниот миг пред нивните очи се што се гледало е пепелта од нивиот дом.

-Погледнав низ прозорецот и не ми се веруваше што гледам. Нашата куќа беше во пламен. Мислев дека сонувам. Но, бев будна и подготвував испит за факултет. Се обидов да не ме фати паника и веднаш отидов во собата на родителите за да ги разбудам. Го извадивме и дедо и веќе следните мигови беа мигови на распаѓање на нашиот живот. Целата куќа стана пепел и прав, а мојата соба, моето катче каде обожував да си седам за миг го снема-низ солзи се сеќава Ема за таа кобна ноќ.

Додека се обидувале да се спасат тие и се повредиле. Посебно Ема која денес има проблеми со ногата. Но, најповредена им е душата на сите.

-Многу е тешко. Се што се граделе за семејството и себе да ви се изгуби од пред очи.Со години ја градев оваа куќа за моите најмили, имавме одличен живот, а еден кобен миг ни одзема се-ќе рече Стојан таткото на Ема.

Денес, ова семејство е без покрив над главата. Моментално живеат под кирија, и доаѓаат секој ден  онаму каде им бил домот. И, иако жалат за сето она што им се случило неодамна, сепак имаат надеж во хуманоста на народот дека ќе успеат да направат барем нешто приближно како што било пред пожарот.

-Многу е тешко. Уште првиот ден дојдоа отец Оливер и ни понуди сместување и храна. Во вакви мигови гледам дека навистина постои хуман народ. По цели денови сме тука, се сеќаваме на стариот живот и не знаеме од каде и како ќе изградиме нов дом во овие тешки времиња. Сепак среќни сме што сме сите на број, што пожарот не однесе жртви, и верувам во хуманоста на народот дека ќе ни помогне сега кога ни е најтешко.

„И ова ќе помине“ се вели во една стара персиска поговорка, но до следната насмевка и сигурност, патот на ова семејство е трновит. Многу полесно може да го изодат доколку ние им подадеме рака сега, и да им кажеме дека некогаш „ Секое зло за добро е„ само треба јуначки да се издржи.

 

Доколку сакате да помогнете на семејството на Столе, Лидија и Ема тоа можете да го направите доколку ги исконтактирате на ниниот телефонски број или со донација на нивната жиро сметка:

 

Стојан Коцевски телфон/ 070230618

Денарска сметка 210500000373305 НЛБ Банка

Адреса: Волково, Ул.85, број 6 Скопје, Ѓорче Петров

Ибан код: МК07210500000373305 НЛБ Банка

СВИФТ: TUTNMK22

 

Срце на Дланка С5 Еп.05 – YouTube