Ми треба мал плац за да можам мирно да живеам.

Тешкиот живот во риуниран дом со нарушени имотно правни односи со роднините, ја натера самохраната мајка Весна Димовскa неодамна jавно да си ја раскаже маката. Таа е жител во општината Шуто Оризари, во дом кој повеќе од пет пати е поплавуван. Но, најголемата штета беше направена на 26 јуни оваа година кога со денови, со синчето Атанасиј живееле во мокар дом. Каде и да тропне вели таа, наидува на затворени врати, па се што и преостана е да побара помош од хуманиот народ. Откако градежни работници го погледнаа просторот, по извесна полемика беа согласни дека оваа мајка и да добие реновирање на домот, тој ќе биде сигурен само до следниот дожд. Затоа, сите  упатуваме апел, а најмногу Весна и Атанасиј ,кој е во можност да им излезе во пресрет, за таа да може да купи место каде ќе има дозвола за градење објект во било која населба во градот Скопје и од ново да и бидат направени две три соби за да бидат сигурни и мирни во иднината што следи.
Молба до хуманите граѓани да и се помогне на самохраната мајка Весна од Шуто Оризари која во лоши услови живее со 6- годишниот син Атанасиј. Таа замолува да и се донира мало парче земја од 200-300 м2 во околината на Скопје (Марино, Мралино, Кадино, Илинден, Волково и др.) за да може градежна фирма да и изгради една-две соби во кои полесно ќе може да живее со синот. Донации на денарска сметка: Весна Димовска 300007040194464 Комерцијална банка #НашетоМалкуНекомуМожеДаЗначиСе❤️