Видот на син ми Дејвид зависи од операцијата која чини 3500 евра

Уште одамна откако останува како самохран родител на три малолетни деца, на Даниела Сребреновска од Злетово и започнува тежок живот полн со несигурност, болести, беспарица, солзи и неизвесност за новиот ден.

Со години живее во домот на родителите каде ги расте своите деца. Мајка и која и беше најсилна поддршка од неодамна е почината, а сега за таа и децата да не гладуваат и да имаат топол дом и храна, таа улога за превзема нејзиниот татко кој често е во планина за да обезбеди дрва за огрев, но, и хуманите поединци од тој регион кои се трудат да му обезбедат храна, облека и училишен прибор на ова семејство.

Но, болестите не ги поштедуваат ниту неа, ниту нејзините деца.  Даниела поради сите проблеми и нарушено здравје зема боледување од работа, а поголемиот син Дејвид има аутизам, епилепсија и веќе толку нарушен вид што ако наскоро не му биде изведена итна операција на очите во Скопје му се заканува и губење на видот. За таа операција на Даниела и се потребни 3500 евра кои самата не може да ги обезбеди.

-Одамна сум самохран родител. Како ги издржувам децата само јас си знам. Ми помагаат хумантарци, но некогаш треба и нешто повеќе. За жал две од децата имаат оштеттен вид, а Дејвид има и аутизам и епилепсија. Ако не му направат до крајот на годината операција може и да ослепи. Не смеам да го дозволам тоа-низ солзи раскажува Даниела, мајката на Дејвид.

Со слаб вид и кревко здравје е и нејзината ќерка Меланија, на која исто така и е потребна посебна нега. Само малиот Ѓорѓи е тој што ја превзема улогата на маж во куќата, па иако има само 12 години тој се грижи за сите домашни работи. Иако, потајно сите сакаат нови детски соби, компјутери и мобилни телефони, овие мали ангелчиња се подготвени да се откажат од се, само Дејвид да продолжи да гледа со очите

-Јас сакам детска соба, сакам креветче и компјутер, сакам и телефон и нова облека, се сакам, но се ќе заменам само брат ми да може да гледа и понатаму-вели малата Меланија.

Истото ќе го каже и Ѓорѓи, единственото дете на Даниела кое нема сериозни здравствени проблеми и кое иако има само 11 години се труди околу домашните обврски за да и помогне на мајка си.

.

Неволјите, препреките и проблемите на крајот не зајакнуваат. Но, за да дојде до тоа скалило, на Даниела во моментот потребни сме и сите, а најмногу на малиот Дејвид, чиј вид и здравствена состојба зависат само од нашата помош, и хуманоста која ќе му ја покажеме.

 

Доколку сакате да и помогнете на оваа мајка, тоа можете да го направите на нејзината сметка

210501712286341 НЛБ Банка

Телефонски број на Даниела: 071382674

Т мобиле број за донација : 143107