Малиот Јован од Крива Паланка доби нови дом. Нема повеќе солзи во детските очи

Нема поболно нешто од детските солзи. И, иако се вели дека „Кога животот ни дава сто причини да плачеме, треба да му покажеме дека имаме илјадници причини за да се насмевнеме, некогаш срцето како рефлекција ни испраќа толку болка што едноставно душата ни се кине и мора да пуштиме солза.
И, токму тие, и молбата за храна на малиот Јован од Крива Паланка, пред празниците, го сплоти македонскиот народ во земјава и светот. Пакети храна, срества за хигиена, телефони, компјутери, и облека, и тогаш и сега, пристигнуваат во нивниот дом. Но, тоа не беше единствената желба на Јован. Тој посака и за себе, и за своето братче и сестричка, макар две соби за да можат покомфорно да живеат и да имаат каде да учат. Зашто и покрај сиромашниот живот тие сепак се одлични ученици и имаат големи амбиции.
-Сакав соба за нас за да имаме каде да учиме, а ние добивме куќа со соба за секој од нас. Јас си ја одбрав мојата соба, сега треба да дојдат и Грета и Леон и тие да си одберат која соба ја сакаат зашто има место за сите нас- изјавува малиот Јован, кој не ја трг насмевката од неговото лице.
Благодарение на донациите кои пристигнуваа после објавувањето на нивната сторија, Срце на дланка -пронајде и обезбеди соодветно живеалиште, кое ќе биде нов дом на ова скромно семејство.
-Куќата е феноменална. Кончно ќе бидеме среќно семејство. Ви благодариме- вели пресреќниот Горан, татко на малиот Јован.
Ова ќе биде крај на солзите на сите, а почеток на еден нов хармоничен живот на целокупното семејството.