Сашо Ризовски е човек кој живее тежок живот, а, до својата 25 годишна возраст не смеел да дојде во родната куќа зашто често бил жртва на семејно насилство од страна на неговиот татко. Морал да спие надвор, понекогаш кај баба му и дедо му, но најчесто гладен и премрзнат. Откако починал татко му видно истрауматизиран се враќа во родниот дом каде живеле неговата мајка и двајца браќа. Од 2008 година таа куќа поради долгови од татко му ќе рече тој, е без струја и во многу лоша состојба. Едниот брат заминал од тој дом, а другиот чува крави и ретко доаѓа да преспие во собата на мајка му. Зашто таа скромна куќа има само две соби. А, тој има сопруга и четири деца, од кои двете синчиња учат во Струмица и ги гледа само за распуст, а другиот син е дете со посебни потреби. Пред скоро време му се раѓа и ќерка која има само седум месеци. Од скромната куќа само едната, поголемата соба му припаѓа на Сашо и неговото пет члено семејство. Таа соба му е сиот живот. И кујна, и дневна и спална. И, иако на старите дотраени кревети спијат превиткани по двајца-тројца само да помине ноќта, денот повторно ги враќа во реалноста и на нивниот тежок сиромашен живот.
Сашо има 44 години. Живее во село Грамаге во мала трошна куќарка со својата мајка, сопруга и четири деца. Тој е вработен со договор на дело и месечно зема минимална плата која е доволна само колку семејството да не биде гладно. Иако, често има денови и кога освен брашно не можат да купат ништо друго. А, дополнитерен терет за нивната состојба е и што веќе долги години живеат без струја, па отежнато им е и перењето, готвењето и останатите обврски.
-Имам четири дечиња, три момчиња и седуммесечно бебе. Од дете сум бил бркан од дома зашто татко ми беше алкохоличар и ме тепал, не ми давал храна, а ни простор каде да легнам. Сум спиел по штали, под отворено небо, и некогаш кога имало можност кај баба ми и дедо ми. Гладен и премрзнат сум бил се додека не пораснав и почнав да заработувам. Од 2008 година поради долгови од татко ми куќава нема струја. Градоначалникот ми дозволи само да се поврзам и да имам сијалица поради децата. Вработен сум, ама дали минимална плата е доволна за седум члена. Не дозволам децата да ми бидат гладни, леб и сол ама нешто ќе каснат. Но, што да правам со просторот. Зарем човечки е да живеат во 10 метри квадратни волку луѓе?-прашува Сашо.
Сиромаштијата, овие двајца родители ги натерала и своите два сина Стојче и Јован да ги праќаат во училиште во Струмица и да ги гледаат само додека се на зимски или летен распуст. Зашто овие очајни мајка и татко, немаат пари да купат карти за автобус за да си ги видат најмилите.
-Дечињата одат на училиште и кога ќе заминат во септември ги гледаме дури во декември. А, после зимскиот распуст следното гледање со децата ни е дури во јуни. Да имавме пари ќе си ги земавме за викенд. Ќе одевме и ние да ги посетиме. Знаат да ни се јават и да плачат дека многу сакаат да се вратат. А, и да ги вратам во какви услови ќе живеат тука без дрва и соодветна храна за нивниот раст. Таму во интернатот барем имаат топол кревет и топол оброк-вели овој очаен татко низ солзи.
Освен двете момчиња, Сашо има уште еден син со посебни потреби и мало бебе од седум месеци. Поради трауми и мактретирање во детството нарушен вид има и неговата сопруга која треба да се оперира во Скопје.
-И јас имав тешко детство. Иста судбина како Сашо. Поради тоа и нивна неангажираност го изгубив видот. Многу малку гледам, а се работам со овие десет прсти. И готвам, и перам, и чистам. А, без струја, замислете како живееме?-додава сопругата на Сашо..
-Одиме во училиште во Струмица. Таму ни е многу убаво. Имаме свои кревети, топло е, и има многу храна. Но, сакаме да си дојдеме и дома да ги видиме мама, тато, бебето и болното братче. Понекогаш бараме да ги слушнеме по телефон и плачеме за да не земат. многу ни фалат, а ги гледаме само кога одиме на зимски или летен распуст. Тато и мама ако купат карти за да дојдат нема да имаат дома леб. Затоа не доаѓаат велат Јован и Стојче загрижено.
Можеби родител ќе може да издржи се освен солзите на своето дете и молбата кога бара храна и услови како што треба да има секое дете. Затоа, тоа е најголемата желба и на овие родители, па се што сакаат и молат, е мала помош, за да доправат две соби за да можат да им го направат посреќен животот на нивните деца.
Помош за семејството може да донирате на сметката на Сашо Ризовски 320500025347730 и на негвоиот личен телефонски број 078869621
