Ѓоко Ѓорѓиевски од две годишна возраст, заедно со својата самохрана мајка живеел под кирии и се борел за опстанок. Можеби тешкиот почеток на животот ќе го направи голем борец и вреден човек, кој во секоја работа ќе гледа прилика за заработка. Пред десет години ја пронаоѓа и својата љубов, младата Христина од Прилеп со која создава семејство и денес имаат три дечиња: Дамјан, Матеј и Клаудија. Почетокот на заедничкиот живот не им бил ни малку лесен, имајќи во предвид дека од првиот момент живеат по кирија, а Ѓоко нема постојана работа. Работел и по неколку работи само на семејството ништо да не му фали. Голема среќа за ова семесјтво пред година и половина бил инстант лозот кој сопругата на Ѓоко го изгребала и клучевите од новиот автомобил кој ги здогледале на грепката мислеле дека ќе им го сменат животот на подобро. Но, од таа голема среќа, за кратко ќе произлезе неочекувана несреќа. Иако Ѓоко се обидувал на различни начини со парите од продажбата на добиениот автомобил да започне бизнис, па дури да замине и во Швајцарија по аплицирање за Швајцарска виза, само што помислиле дека дошол моментот да заработат за поубав живот и нов дом, утрото на 4 октомври минатата година, Ѓоко додека бил на работен ангажман во Брисел, ослепел и не можел да ја види светлината на денот. Тоа утро тој го губи видот и веднаш го прогласуваат неспособен за работа и го враќаат во Македонија. Од тој момент започнува голготата на ова семејство. А, капак на таа несреќа е што и на Христина и била откриена суспектна состојба на дојки и на 15 декември била оперирана. Наскоро можеби ја чека уште една операција. Преку ноќ од големи надежи ова семејство станува беспомошно. Тука се и потребите на трите дечиња, храна, облека, училиштен материјал. Но, најпотребни е делување на здравствениот проблем на Ѓоко во соодветна клиника во странство кои би спасиле дел од видот. Потребен е и нов дом за ова младо семејство кое со наша помош може да се изгради на парчето земја која дедото на Ѓоко му ја подарува во скопско Идризово. Соништата на Ѓоко и Христина останаа недосонувани, а мирот, светлината, и своите дечиња тој може да ги здогледа само доколку сега им подадеме рака.
Тешкиот живот на Ѓоко се препознава уште од самото негово раѓање. Зашто уште како бебе тој со својата мајка бил на улица, под кирии и во борба за опстанок.
-Од моја две годишна возраст бев избркан на улица со мајка ми и сестрите. Се борам лавовски за парче леб од како знам за себе -започнува Ѓоко со својата животна приказна.
Ѓоко сиот живот се труди и вредно работел повеќе работи, трудејќи се да обезбеди леб и средства за кирија за семејството и трите дечиња, а пред година и половина среќата за првпат им се насмевнала и тој со сопругата која имала силна интуиција, добиле автомобил од грепка инстант лоз. Иако немале автомобил, после еден месец тие одлучиле да го продадат автомобилот за да може да платат заостанати сметки и да започнат нова фаза во животот. Ѓоко дури инвестирал и во Швајцарска виза со тенденција да вози камион за Швајцарска компанија, а со заработените пари да обезбеди дом за фамилијата. И, само три недели по заминувањето во Швајцарија, неговите надежи за поубав живот една темната ноќ под Белгискто небо се претвораат во пекол. Ѓоко на 4 октомври 2024 поради инфекција во очите го губи видот и станува неработоспособен.
-Тешко живеевме од почеток со сопругата. Но, се трудев, работев каде ќе слушнам дека бараат работа. Ни подари Господ три дечиња и се борев за нив. Пред година и пол среќата ни се насмевна и на грепка добивме автомобил, кој иаку ни требаше многу моравме да го продадеме за да вратиме долгови и за да продолжиме некако да живееме и да плаќаме кирија. Купив камионче за да почнам бизнис ама не ми тргна работата и морав да го дадам за отпад. Потоа остатокот од парите од автомобилот ги дадов за да аплицирам во Швајцарска виза за да можам да работам за швајцарска компанија и да возам камион во Европа. Таман заминав на 12 септември, не ја заработив ни првата плата, ноќта на 4 октомври го изгубив видот. Веднаш ме вратија дома и ме прогласија за неработоспособен. Од тогаш започна мојата вистинска голгота-објаснува Ѓоко.
-Имав чувство дека ќе добијам награда автомобил. Со последните пари купивме грепки и добивме награда. Моравме да го продадеме и уште ми е тешко поради тоа, но мораше да излеземе од долгови и да започнеме да работиме нешто. За жал, се што вложивме за Ѓоко да замине во Европа да вози, пропадна, бидејќи тој се јави и ни кажа дека го изгубил видот додека спиел во камионот- вели Христина
Ѓоко веднаш се враќа во Македонија и започнува голготата, негова и на неговото семејство. Освен што тој се бори за да го поврати својот вид, и на Христина – неговата сопруга и дијагностицираат промени на дојка. На 15 декември и бил извршен оперативен зафат и отстранет помал дел и испратен на биопсија. И, покрај се таа секој ден се грижи за децата, ги носи на училиште и се надева на чудо-таа да оздрави, на Ѓоко да му се врати видот и да имаат макар две свои соби за живеење во градежната парцела во Идризово која им ја подарува дедото на Ѓоко.
-И, во ваква состојба сме сеуште под кирија и мора да се селиме наскоро. А, дедо ми ми дава парче земја во Идризово ама како да заработам за да направам куќа за нив кога и здравјето ми е засегнато. Не можам на децата ни буква, ни бројка да им покажам и многу ми е тешко-вели Ѓоко.
Желбата на Ѓоко е само да може да го врати видот за да може да се грижи за семејството како глава на семејството.
-Само да оздрави тато и да може да гледа. Сакам да може да работи и да ми купи се и на мене и на братчето и сестричката-вели малиот Матеј.
Болеста на Христина, губењето на видот на Ѓоко, кириите, невработеноста и беспарицата го туркаат ова семејство во бездна секој ден се повеќе и повеќе. Па, тие иако не верувале дека еден ден ќе западнат во ситуација да бараат помош, замолуваат гласно: ,„Помогнете ни! Сега ни е најтешката фаза за да застанеме на нозе и да ги одгледаме дечињата, а, потоа ветуваме и ние ќе помагаме каде е најпотребно!
Доколку сакате да помогнете на ова семејство тоа може да го направите со донирање на линкот подолу :
https://ecrowd.mk/projects/daea2ebe-1afe-4598-b9f5-9b5dd12cf795
Донирајте на линкот со картичка, од 100 до 6000 на ден – секој износ е важен!
Донирајте на сметката на Фондацијата – 270078016610134 – со назнака За Ѓоко и семејството, и шифра 562
Донирајте 100 денари со повик на бројот 143999, за сите мрежи. Сите средства собрани во Донаторскиот фонд со повици од 2 февруари (недела) до 7 февруари 2025 (петок) ќе бида наменети за помош на Ѓоко и семејството.
Линк до емисијата:



