Ѓоко од Маџари е глава на семејството Ѓорѓиевски кој поради тежок живот во детството и денес живее под кирии со сопругата, мајката и трите дечиња. Иако, на различни начини и со многу труд се обидувал да ја гледа фамилијата и да и обезбеди се, тој сепак не успеал да изгради сопствен дом од кој никоја никогаш нема да ги брка. Во тоа не им помогнала ниту среќата која пред година иполовина ја имале прегу добивање автомобил на инстант лоз. Автомобилот веднаш го продале за да вратат некои постоечки долгови и за да започнат сопствен бизнис преку возење канионче за шлеп служба. Подоцна дел од парите ги вложува и во швајцарска виза за да може да отиде во Швајцарија и да вози камион за да заработи за дом за семесјтвото.
Веројатно желбата да успее, ќе ја занемари сериозната состојба на очите која можеби му давала симптоми но тој ги занемарувал само за да исплива на површината. За да еден ден додека е на работна позиција во Брисел и додека спиел во камион, тој не забележи дека го изгубил видот поради прскање на рожницата на десното око.
Екипата на Срце на дланка во соработка со „И крауд„ започна кампања за ова семејство. Веднаш му беше однесена храна за наредниот период. Се донираше на платформата и на донациските броеви со цел собирање средтсва за изградба на нов дом, а, деновиве благодарение на „И крауд„ му беше овозможен преглед на Клиниката за очни болести и на Ѓоко му беше предложена итна хоспитализација поради големата инфекција на очите и сериозноста на неговата состојба.
-Ѓоко веќе една недела е во болница. Инфекцијата на очите се намалува. Тој е под постојана грижа и опсервација на докторите. Му се решаваат и другите здравствени проблеми кои донесоа до губење на видот кај него. Само да се излечи за да може да си работи и да може си ја гледа фамилијата-вели неговата загрижена сопруга Христина.
Таа додава и дека е преблагодарна на фондацијата е crowd за можноста која е понудена на нејзиното семејство за лечење на Ѓоко и изградба на нов дом.
-Пресреќна сум за понудената помош. Навистина сме хумана нација. Ми донесоа велосипед за децата, дрва за да ја поминам зимата, луѓето од e crowd ми донесоа веднаш храна за подолг период, а ми ја платија и криирата за наредните три месеци и сметките за струја кои ги должевме. Сега сме ансочени кон опоравување на сопругот, а потоа да видиме ако може да изградиме макар две соби за да не не бркаат веќе од местата каде сме под кирија- вели Христина.
Линк до емисијата:
