Нашата мисија оваа сезона е Да им се помогне на сите семејства што ќе го стават Срцето на дланка.
Водени од таа цел ја посетивме Весна Димовска, еднород родителот на 6 годишниот Атанасиј, која на почетокот на новата сезона на Срце на дланка го раскажа својот тежок живот. Таа кажа дека со своето дете и родителите живее во куќа која поради затрупан канал повеќепати се поплавува. Увидовме дека оваа мајка навистина живее под лоши услови со своето дете.
Стручна екипа од фирмата Свис градба уште веднаш отиде да ја види состојбата на куќата во Шуто Оризари и констатира дека поради честите поплави и влага ѕидовите се болни и подобро би било да се изгради нов дом на тоа место отколку да се санира стариот. Сепак, таа куќа не е целосно на нејзините родители туку ја делат со уште двајца други сопственици и таа идеја беше невозможна да се реализира. Затоа, јавно, на различни начини и во повеќе наврати апелиравме кој може и сака да и подари мал плац на Весна за да може да и се изгради дом каде би го растела своето дете.
Во периодот кој измина добивме неколку понуди во околината на Скопје. Навистина се потрудивме нејзината сторија да стане успешна.
Да Со средствата кои ги собиравме за плац можеше да се купи само мал плац во Петровец, кој поради близина на канал, стравувајќи за животот на своето дете – таа го одби.ја видиме реакцијата на Весна за понудените места и нејзината одлука за нов дом!
-Ми беше понудено плац за куќа во Којњари кој беше без решени имотно правни односи. А, единствено што најдовме поевтино по 23 евра за метар квадратен беше во Петровец, но плацот и куќата што бис е изградила се покрај канал, а јас мое дете да растам покрај канал не би дозволила- вели Весна.
Таа се плаши да живее на такво место зашто мисли дека детето може да и се удави во каналот.
На Весна и беа понудени и неколку работни места во големи компании, но поради работењето во две смени таа не прифати да се вработи. Во меѓувреме таа е невработена и бараа соодветна работа.
-Го носам синот на целодневна настава во ООУ „Кирил и Методиј„ и навечер мора да сум покрај него. Затоа не можам да работам попладне зашто нема кој да ми го чува детето. А, и во неколку фирми каде што работев се договарав за една сума, а на крајот тие ми даваат плата за минимаец- образложуваа Весна.
Многу сум благодарна и на менаџментот на училиштето бидејќи овозможи Атанасиј бесплатно да се храни додека е на целодневна настава. Тоа е големо олеснување за мене -вели таа.
Од Свис Градба и беше понудено и да и се реновираат двете соби на горниот спрат од куќата на нејзините родители, кое поради лошата состојба на кровот и влагата, таа смета дека не е во ред таму да се инвестира.
Тука се поздравивме со Весна Димовска и и посакавме многу среќа и апелираме уште еднаш, доколку некој не е запознаен со нејзината сторија, а е во можност да и помогне со плац или куќа, да го направи тоа, за да може таа полесно да ја обезбеди иднината на своето дете.
