Нетрпеливи сме Ѓоко да се излечи и да влеземе во новиот дом

Семејството Георгиевски кое привремено под кирија живее во населбата Маџари, никогаш не претпоставуваше дека барањето помош од народот ќе му биде единствена опција за да може да продолжи со животот. Ѓоко-главата на семејството иако на разни начини се обидувал да обезбеди дом и храна за сопругата и трите дечиња, сепак на 4 октомври, додека возел камион за Швајцарска компанија со губењето на видот ќе сфати дека работите не одат секогаш онака како што планираме.

-Се наоѓаме во многу тежок период. Откако го спооделивме проблемот со јавноста тој почна да ни помага, а Ѓоко веќе е во болница и утре ќе биде изложен на првата операција за спасување на видот на левото, а потоа и на десното око- започнува да раскажува Христина, само десетина дена откако тие со споделија својот голем проблем.

Народот веднаш ја свати неговата порака и молба за помош, да ја победи состојбата која доведе до губење на видот, да обезбеди скромен дом за децата и да застане на нозе како глава на семејството за да може да го прехранува.

Поддршката и можноста за лечење и собирање на средствата му ја овозможи –„И Крауд„ платформата која веднаш му обезбеди лекување во државната клиника и собираше донации за изградба на дом.

Во овој проект се вклучија нашите пријатели од „Ол Проџект„ кои одлучија да помогнат во изградбата на монтажната куќа на семејството на Ѓоко.

Бидејќи семејството Георгиевски на снимањето кажа дека во населбата Идризово плац од 100 м2 за куќа им отстапува дедото на Ѓоко, а во тоа е согласна и целата негова фамилија, нашата екипа отиде да го сними местото и да се договори за процедурите и работите за да започне и овој проект.

-Ова е местото кое ни го дава дедото и роднините на Ѓоко за изградба на мала мотажна куќичка за да може да се вселиме со децата и да се спасиме од плаќање кирии. Не ни треба многу, ние сме задоволни и со малку – додава Христина.

Секако наша цел е секое семејство да ја надмине тешката состојба во која се наоѓа и со наша и поддршка од народот да се врати назад во системот. За тоа му е потребна работа и вработување, па откако ќе заврши лекувањето на Ѓоко и Христина, тие и двајцата сакаат да се вработат и да ги растат своите три дечиња.

Следна етапа во изградбата на домот на ова семејство е барање согласност од Општината и чистење на теренот за поставување постамент за момтажната куќа, за која од надлежните добивме ветување за помош со што ќе се олесни целата работа.

Секој голем успех започнува со првиот, мал чекор. Пред нас е голем  предизвик! И, веруваме дека семејството на Ѓоко среќно ќе живее во новиот дом кој му го обезбеди вашата хуманост!