Елена е столб и двигател на семејството кое живее во село Уларци, Чешиново Облешево. Таа е во вонбрачна заедница со Златко, а тие и двајцата имаат два претходно неуспешни брака зад себе. Од нив и двајцата имаат по две деца за кои плаќаат месечна алиментација. И, во заедницата во која живеат заедно од 2016 година добиваат две заеднички деца, малите Катерина и Димитар, кои се преслатки и премили дечиња што посакуваат детство исто како и нивните врсници. Детски соби, облека, играчки и храна. Тоа е ссе што посакуваат овие братче и сестриче. Зашто тие и двајцата се во училиште и гледаат што имаат и како живеат нивните другарчиња. За жал, Катерина и Димитар живеат во една мала соба од 10 м2, каде го минуваат денот, а ноќите мораат да одат во собата на баба им и дедо им, која е и дневна и кујна и детска соба, а поради тесниот простор бабата и дедото некогаш спијат на земја за да им овозможат комодитет на внучињата. Немаат ниту купатило, ниту тоалет, па тие и на мраз и на сонце дури и во вечерните часови мораат да отидат до полскиот тоалет, а тоа е тешко и страшно за малите дечиња. Златко обезбедил почетен материјал, цигли и даски и започнал да ѕида, но минималните средства и кредитот кој го враќаат не им дозволува да продолжат понатаму сами. Во таа куќа во која има уште две соби живеат уште две други фамилии, стрина и братучед на Златко. Мал простор за толку многу луѓе. Елена и Златко работат многу. Се трудат и мачат и после работното време во фабрика за мебел. Одат на нива, одгледуваат ориз, сечат дрва на соседите за пари, а за волја на вистината Елена, иако жена само за да им го обезбеди денот на децата, цепи по два метри кубни огревно дрво, крева тешки вреќи со ориз и железа. Среќата на децата на ова семејство им е се, па затоа замолуваат за помош, да изградат само една нова соба и тоалет за нив, за да можат малку понормално да го продолжат животот.
Елена е намачена жена која немала убаво детство и од своето родно село Тркање не излегла подалеку. Не ни претпоставувала дека денес таква судбина ќе имаат и нејзините деца. Таа по неуспешниот брак во Кочани, доаѓа во село Уларци, Чешиново-Облешево, каде во заедницата со Златко и се раѓаат две деца Кате и Димитар. Но, тие од деца се разликуваат од нивните врсници, зашто во семејната куќа на нивниот прадедо, живеат неколку фамилии во 4 мали соби. Елена и Златко со децата имаат една мала соба од 10 м2, а за спиење децата одат кај нивните баба и дедо каде некогаш спијат и на под.
-Потекнувам од село Тркање и таму израснав и можам да кажам дека не сум излегла подалеку од рдоното место. Моите ниту еднаш како дете не ме однеле во Скопје некаде да ме прошетаат. Тешко ми е, и ќе ми пукне душата што сега и моите деца мораат да живеат како мене. Да не излезат од селово каде се родени-вели низ солзи Елена. Јас ништо не видов од животот. Се омажив во Кочани и имам и таму две деца. но, бракот таму не ми функионираше и морав да заминам. За жал сопругот не ми ги даде тие две деца и тие останаа со него. Тешко ми е што сум одвоена од нив. Но, подоцна се запознав со Златко и во 2016 ми се роди Димитар, а подоцна и Катерина. Живееме тука во село Уларци, Чешиново, Облешево. Куќата е стара од дедо на Златко, ама во неа освен родителите на Златко, живеат и негови стрина и братучед. Значи во четири мали стари соби сме три фамилии. Многу луѓе за мал простор. Децата спијат со баба им и дедо им. А, јас и Златко во мала соба од 8м2-додава таа..
Елена и Златко работат. И, повеќе отколку што им држи силата. Освен во фабриката за мебел тие работат и тешка физичка работа. Златко заварува, сече дрва на соседи за пари, работат во жетва на ориз. Секој денар го собираат за да не им фали ништо на децата. Но немаат моќ за се, парите стигаат само за храна и сметки. И, ништо повеќе. Елена испраќа пари за децата во Кочани кои живеат со нивниот татко, Златко плаќа алиментација за неговите две деца, плаќаат рата од кредит и сила за изградба на една соба и купатило овие мајка и татко –немаат!
-Работиме многу. Иако, првите години не можев да најдам работа, а и децата ми беа многу мали. Златко работел на многу места, но неосигуран. За да почнем нешто да правиме почнавме да земаме брзи кредити и наеднаш бевме заглавени со 9 такви кредити на кои им течеше камата. Златно беше и на неколку наврат во затвор зашто не плаќаше алиментација, немаше од каде. И, кога беше короната , исто мораше да отиде на работа излезе во полициски час и го казнија. Немавме пари и пак мораше да оди таму. Подоцна јас се вработив во мебел Јумис и газдата ми помогна да земам кредит и затворам брзите кредити, па сега враќам еден кредит и рата ми е 7000 денари. Тоа плус мсетки, плус храна. Не останува за нешто повеќе. Многу тешко живееме- додава Елена.
И, Златко партнерот на Елена вели дека многу се труфат, а ништо не можат да постигнат. Елена и јас после работа одиме и приватно работиме, со ориз, сечеме дрва за пари. Се што може за да земеме динар плус. Но, и тоа не е доволно. еве купив неки материјали, ама немам сила за да почнам да направам една соба за децата. Тие само ме прашуват тато, кога ќе ни направиш соба како и сите други деца за да има каде да учиме, јас велам утре сине, утре- вели низ солзи Златко.
Малата Катерина веќе и многу мала ја гледа разликата во нејзиното и живеењето на нејзините другарчиња. „Тие имаат детска соба, а јас спијам со баба и дедо, понекогаш и на под. Мама не ми купува фустанчиња и не ме носи во Луна парк како другите деца„-се жали ова мало девојченце. А, видно тажно е и нејзиното малку постаро братче, кој вели дека живеат во лоши услови и дека непријатно му е што мајка му ги бања во корито и што немаат простор каде да учат со сестра му.
-Мама не ми купува ништо. Јас сакам женска соба и крофна со крем. Ама, мама не ми купува зашто нема пари. не ми купува и фустанче. Ми зема стари од соседите што им се мали на нивните девојчиња-вели 6-годишната Кате. А, и малиот Димитар, иако се воздржуваше да не пушти солза, сепак можеше да се забележи желбата и тагата за своја соба и купатило за да не го бања мајка му во леген пред сите останати во кујната.
Сите ние ја носиме сопствената пролет и зима. Понекогаш мислиме дека таа зима никогаш нема да заврши. Семејството Ристови живее лоша зима која нема крај. Малата соба не ги собира нивните големо мечти и фантазии. Само една соба и купатило е сонот на ова семејство. Мала помош е цело нивно богатство. Па, ако сега им помогнеме товар ко планина ќе падне од нивните рамења. Ние ќе бидеме нивната добра вила, а тие за хуманоста ќе ни бидат вечно благодарни.
Доколку сакате да помогнете на семејството на Елена, тоа можете да го направите на платформата E Crowd.mk
Кликнете на линкот подолу:
Немаат соба и купатило, но не’ имаат нас! За Катерина и Димитар!
Донирајте и на телефонскиот број 143999 на двата мобилни оператори.
Фондацијата Е Crowd донира 30000 денари за помош на семејството.
Линк до емисијата:



