Соништата на Андреј имаат нозе, но не и чекори

Пред пет години едно дете дојде на овој свет. Едно дете едвај чекаше да ги научи првите зборови и да изговори мамо! ЕДНО ДЕТЕ само што ги научи првите чекори и почна да влегува во безгрижниот свет. На едно дете детството му заврши и пред да започне. Судбината сакаше тоа дете да минува низ тешки и надчовечки предизвици. Високата температура од 43 степени таа кобна ноќ го изгореле мозочето на 2,5 годишниот Андреј од Тетово. Мајката Рената во паника веднаш со Брза помош заминала на Клиниката во Скопје. Таму храбриот Андреј цели два месеци лежел во тешка состојба на интензивна нега, а семејството било во неизвесност дали ќе се разбуди. И, додека сите бдееле над него, и доктори и семејство, а најмногу неговата мајка, состојбата на Андреј доби име, а Андреј дијагноза-церебрална парализа. Оттогаш минале две години. Андреј е сеуште среќа на неговата мајка, сестричка , баба и дедо. Но, тој повеќе не е она весело дете кое се радува и зборува. Тоа е заковано за инвалидска количка, додека во својот свет можеби се моли повторно да застане на нозе како некогаш. Тие живеат кај родителите на Рената, кои и душата би ја дале само да оздрави нивното внуче. И, малата Мила прашува кога ќе оздрави братчето за да си игра со неа. Дури направила и кутија за донации за да помогне и таа во неговата борба. А, неговата мајка и не може да ја даде душата повеќе, зашто таа последниве две години и остана без неа. Се во неа е мртво од болка и жал за чедото. Но, се бори. Секаде прашува и го носи момчето, па така еден ден стигнаа и до клиниката во Истанбул каде Андреј прими две дози матични клетки и состојбата му е видно подобрена. Докторите велат дека со следните две дози тој ќе застане на нозе, зашто после направените прегледи мозочето веќе му се буди и тој покажува реакција. Малиот борец се избори за шанса, а ние мора да му помогнеме да ја добие битката. За таа борба му требаат средства за да може да успее пак да биде безгрижно дете како некогаш.

 

Животот не оди секогаш како што го планираме. Животот понекогаш ни ги менува правците на движење и не фрла во ќорсокак. Младата Рената од тетово во моментов е во еден таков слеп пат од кој не знае каде да продолжи. Таа иако мажена со две деца сакала мирен и стабилен живот, сепак еден ден со покачувањето на температурата на најзиниот син Андреј, била принудена да стане жена воин, а малиот Андреј најсилниот борец. Андреј после два месеци на интензивна нега бил испуштен од болница со дијагноза-церебрална парализа.

-Андреј се роди како нормално, здраво, темпераментно дете. Си играше, си трчкаше, не радуваше сите. Животот ни беше смирен и добар, но една ноќ тој доби висока температура и веднаш с брза помош заминавме на Детска клиника во Скопје. Два месеци таму тој беше во неизвесност дали ќе преживее, а ние не бевме ни на земја ни на небо. Се молевме сите да остане жив. И, остана но не и здрав. Андреј никогаш повеќе не продолжи да биде истото дете како пред температурата- се присеќава мајката Рената за влошувањето на здравјето на Андреј.

И, бабата се присеќава на таа ноќ. Таа тој момент била на работа кога и се јавиле од дома и и рекле дека Андреј не е добар. Веднаш и таа излегла од работа и заминала за Скопје.

-Ми се јавија од дома и ми рекоа само Андреј не е добро. Од тој ден започна голготата и за него и за нас- вели бабата Жаклина.

 

Од тој ден таткото на Андреј е во Хрватска каде работи, а мајката Рената кај незјините родители кои и се најголема поддршка и столб за се. И помагаат и околу Мила и Андреј, а и на неа, зашто има моменти кога таа се крши, и не знае како да си го состави срцето од болка. Но, надежта е таа што не држи во овој суров свет, па после многу отворени врати, еден ден таа и Андреј завршуваат во турција каде Андреј примил две дози матични клетки и сега е видно подобро, но сеуште зависен од грижата на друг и не зборува. Но, докторите тврдат дека неговата состојба ќе биде подобра само уште после две нови дози матични клетки и дека Андреј дури и самостојно ќе застане на нозе.

-Каде не отидовме за да му помогнеме да застане на нозе. Тој е несамостоен- вели Рената. Ниту се движи ниту зборува. Не можам да го гледам како се мачи. Не е важно што јас се мачам секој ден. Само тој да биде добро. Ама не е. Каде слушнав секаде го однесов, од баби бајачи до лекари, па дури и до Турција каде прими матични клетки, ама нема резултат. Андреј е со непроменета состојба- вели Рената.

За оздравување на Андреј се борат сите. Мајката, семејството, роднините, соседите. Се бори и народот. Па, затоа сега нашата улога е клучна и мора да му дадеме шанса на големиот борец повторно да ужива во детството и да биде како своите другарчиња.

Малиот Андреј повеќе од половина од својот млад живот се соочува со големи предизвици. Како палаво дете со уреден развој, на 2 години, по фебрилни напади, одеднаш ги губи моторните способности. Неговото семејство вложи сè за да го најде вистинскиот третман, но доби малку одговори и многу лажни надежи. За жал, неговата состојба се влошува. Лечењето на Андреј не мора да профолжи во Турција.Според наши сознанија и тврдења на лекари, аутизам, церебрална парализа и состојбата на Андреј не се лечат со третман на матични клетки. Да се лечеа досега Андреј ќе беше на нозе. За жал, постојат лица кои заработуваат на несреќата на луѓето во неволја и им даваат лажни надежи. Што му е потребно на Андреј? Андреј има потреба од чесна и целосна дијагностика, за неговото семејство конечно да го фати вистинскиот пат кон ефективен третман. Најважно, за да напредува, да може самостојно да седи и да ја задржи шансата за подобар живот, му е неопходна континуирана нега, во облик на рехабилитација и физикална терапија, вклучително роботска рехабилитација. Андреј и семејството повеќе не се сами. Со помош на добри луѓе, хуманисти и Е Крауд платформата, ќе се обидеме да го застснеме на нозе за да може повторно сам да чекори.

За помош на Андреј можете да донирате на донациските броеви 143181 за Телеком и 143465 за А1

на сметката на Андреј: 300117121798376

Може да донирате и на платформата e E Crowd.mk следниов линк:

https://ecrowd.mk/projects/4c5336a0-2773-4c1c-9d1e-4a16124bf125

Линк до емисијата;