Ни изгоре и тој скромен дом што го имавме.. Сега сме на улица

Семејството Трифуновски до неодамна функционирало во семејната куќа во Ново Село, гостиварско. Тие живееле скромен, повеќе сиромашен живот со социјалната помош која почнале да ја земаат неодамна. Синот Андреј и ќерката се возрасни луѓе кои се обидувале да придонесат нешто за поубав ден на сите нив. Ќерката дури нашла работа во градот  каде живее под кирии и плаќа сметки за да заработи некој денар. А, Андреј пак помага околу селските работи во домот. Сече дрва, оди приватно каде ќе го викнат на работа, а пред неколку години додека во шума берел дрва, голем труп го удрил во главата, па тој сериозно се повредил. Завршил дури и на неврохирургија каде му направиле операција. Денес состојбата на Андреј е влошена, посебно после претрпениот стрес кој го доживеал едно пладне додека дома бил сам и забележал чуден чад кој доаѓа од таванот. Неисправна инсталација или затнат оџак се претпоставките за страшниот пожар која ја зафатил за само неколку минути целата куќа на ова семејство. Во кобниот момент Андреј бил сам дома. Родителите биле на лекар во Скопје, каде мајката на Андреј сеуште се наоѓа. Среќа што било пладне, па не спиеле инаку сите ќе изгореле живи. На помош дошле и соседите, но не успеале да помогнат многу. Зашто целата драма се случувала за неколку минути. Кога Андреј се јавил да му каже на татко му веќе се било завршено. Тој најбрзо што може се вратил во селото и сиот негов животен труд го затекнал во пепел. Можеби не била некоја пребогата куќа, но сепак била нивни дом. Нивно мало семејно царство. Во моментов семесјтвото е времено сместено кај сосед во селото и замолува за помош. Зашто со минималната пензија од Маринко тоа не е способно да почне одново да прави се од почеток.

-Беше пладне. Моите родители беа на доктор во Скопје, сестра ми на работа , а јас бев сам дома. Беше студено и морав да запалам шпорет за да се стопли. Само што го направив тоа, осетив чад, и следно нешто беше пожарот. Не успеав ништо да спасам. Бос и гол излегов да побарам помош. За неколку минути се беше пепел. иако, брзо дојде противпожарна сепак јас и семејството останавме на улица-вели Андреј.

Понекогаш луѓето и не се свесни дека и со сиромашниот живот се среќни додека имаат кров над глава. Тоа неодамна го почувствува семејството на Маринко трифуновски, кое иако скромно, повеќе сиромашно живеело сиот живот, сепак, имало некаков кров над глава. Пред неколку месеци таткото земал и минимална пензија, па со работата на ќерката во Градот Гостивар и одењето во шума на младиот Андреј некако тие го издржувале месецот. Сепак, едно пладне додека Маринко ја носел сопругата на лекар, Андреј додека бил сам дома се соочил со страшен пожар кој за неколку минути ја пеплосал целата куќа.

-Тоа утро заминавме за Скопје со сопругата и напладне ми зазвоне синот ми вика: „Тато пожар, ни гори куќата„-се присеќава Маринко. Не беше ништо посебно. Скромна куќа со две соби, ама беше нашиот дом. Сиот живот се трудевме и работевме за неа. Живеевме сиромашно. Со социјална помош до пред некој месец. Таман земав пензија и малку дигнавме глава, кога се случи ова. не може полошо да биде. Едвај синот се спасил-додава тој.

Тешко е макар и таква каква што беше мојата куќа која ја првев сиот живот и двоев од устите на децата за неа да ја видиш само како пепел пред очи-ќе рече Маринко, на кого му се полнат очите со солзи додека гледа во изгорените греди кои некогаш ги ѕидал со свои раце. А, можеби најтешко му е на синот Андреј, кој во тој момент бил сам дома и се обвинува што не успеал барем нешто да спаси, загрозувајќи си го и онака лошото здравје кое го имал претходно. Тешко и е и на младата Јуле, која иако работи во градот сепак тука и е огништето и како што вели убав е градот, ама најтопло ми е дома. Можеби таа е и најемотивна во целата фамилија, и сето ова најтешко го прифати.

-Јас поради тоа што немам превоз за до работа, морав да се преселам во Гостивар и таму со дел од платата плаќам кирија и сметки. Тука во оваа куќа го поминав детството и секој слободен момент доаѓам да ги видам братот и родителите. Но, очигледно нема веќе каде да доаѓам. Изгоре вели Јуле, сестрата на Андреј единствениот дом што го имавме. Се секирам и за брат ми кој тешко го поднесува ова, и се обвинуа што не ја спасил куќата од пожарот, а пред неколку години кога береше дрва во шума го удри еден труп и беше опериран на неврохирургија. Денес пак има проблеми со главоболки и вртоглавици. Може и вдишенит час додека се обидувал да изгаси и спаси нешто му ја отежнале сосотојбата- додава таа.

Семејството Трифуновски не е само. Ја има општината, ги има роднините, соседите, не има нас-народот. Заедно секогаш сме посилни, па затоа ајде да ја покажеме нашата човечност и да им помогнеме на овие луѓе повторно да бидат безгрижни и да се радуваат на животот.

Доколку сакате да помогнете на семејството за побрзо да го изгради сопствениот дом тоа можете да го направите на нивната жиро сметка:

200001530152779 Стопанска банка и на нивниот личен телефонски број 078925769

Линк до емиијата: