Малата Мила спие на скршен кревет во риунирана куќа на врвот од планинското село Дулица

Ерика и Здравко од селото Дулица се млад брачен пар кои случајно, се запознале во специјализираното училиште Иднина каде учеле и двајцата и оттогаш веќе неколку години се заедно. Ерика веднаш дошла да живее во старата куќа на Здравко во селото во Македонска Каменица, иако тој е многу сиромашен и куќата нема услови за овие млади луѓе. Тие поради здравствениот проблем што го имаат, досега не биле вработени. Но, и да се најде работа за овие млади луѓе не возможно е да се стигне дотаму, зашто во селото нема автобус, а пеш е толку далеку што на Здравко за да отиде до градот му требаат и повеќе од час и половина пеш. Овие млади луѓе имаат и мало бебе Мила, кое има само еден месец старост, а е принудено да живее со средствата од пензијата на нејзиниот дедо која е минимална, и во старата руинирана куќа која веројатно е направена од некои нејзини дамнешни предци. Под куќата има штала со добиток кој им дава млеко од кое прават сирење колку за нив, а тука е и магарето Поли кое е можеби нивниот најверен пријател за да појдат до местото од каде ова семејство се снабдува со вода. Куќата е во многу лоша состојба и за најмалиот член и за повозрасните. Во едната соба спијат бабата и дедото, а во другата Ерика и Здравко со малото бебе.. Но, таа соба нема под, нема ниту соодветен таван и кров, има дупки од сите страни. Креветот е импровизиран душек потпрен на неколку циглички. Прозорците и вратите се премногу стари. Ѕидовите уништени од времето и сиромаштијата.Масата е премала за да го собере целото семејство за ручек. А, храната ова семесјтво може да ја набави само ако дедото се симне еднаш месечно и купи нешто колку му дозволува пензијата. И, можеби Ерика и немаше да побара помош и ќе го прифатеше селскиот тежок живот за неа и ќе се мачеше, но сега веќе мора да мисли и за Мила, па низ солзи ќе рече:„Не сакам детето вака да ми се мачи. Ако качи температура ќе ми умре на раце додека се симнам до градот, а дотука такси не доаѓа. Има свекор ми куќа во Виница, но до неа нема пат и не се направени собите. Само да се симнеме таму со Здраво и бебето да можеме да бидеме блиску до амбуланта и школо за да може на моето дете да му биде полесно-вели оваа очајна мајка.

Ерика и Здравко се запознале во специјализирано училиштете каде учеле и двајцата и искрите помеѓу нив ја најавиле и нивната љубов која дошла подоцна. Ерика како дете имала сиромашен живот, па свесно знаела каде доаѓа само во име на љубовта кон Здравко. Веќе неколку години е во домот на Здравко во село Дулица кој се наоѓа на врвот на планиското село. Но, тие поради неможност да извадат документи не се приматели на социјална помош, па последните години живеат само со приход од пензијата на нивниот свекор кој купува намирница само еднаш во месецот кога иа можност да се симне во градот.

Куќата во која живеат овие луѓе е многу стара. Се е дотраено и половина од работите нефункционални. Имаат добиток колку да се одржат во живот. Магарето им помага на Здравко и фамилијата да не останат без вода, бидејќи мора да одат далеку за да наполнат вода за пиење и други потреби. Додека биле само тие двајца во заедница можеби и не мислеле на тешкиот живот, но почетокот на оваа година им се родило бебе, малата Мила која живее во лоши услови и несоодветни за толку мало суштество.

-Учевме заедно со Здрвко  во исто училиште и така се запознавме. Дојдов еднаш тука и останав. И, јас сум измачена како мала, и моите немаат за да ми помогнат. Тие живеат во Штип. Јас имам проблеми со мозокот. Не памтам ништо. Не знам да кажам ниту колку години имам. И, не знам сама со бебето како да се справам. Ми помага свекрвата. Се плашам кога го држам да не ми падне од раце да го повредам. И, не сакам да ми се мачи детето како мене. Ако јас сум немала убав живот барем тоа да има. Ако качи температура може да ми умре. Зашто до првиот превоз имаме два часа одење пешки-вели младата Ерика.

Таткото на Здравко, единствениот кој се грижи за ова семејство, во младоста имал други планови. Направил со десет прсти куќа во градот Виница, но никогаш не ја доправил. До неа и нема соодветен пат за да влезат внатре и да можат да живеат. Па сега, молбата на овие луѓе е, да им се помогне да може да се направат макар две соби за да можат младите да фунционираат во место каде има блиску амбуланта и училиште за нивната рожба.

-Ако не е свекор ми вели ерика ќе умреме и за храна. Не одбиваат за социјална помош, па живееме само со пензијата од свекорот кој еднаш во месецот оди во градот да купи намирници за да јадеме. Сакам само да се сименем доле во куќата во Виница за да може детето нормално да ми расте. Да имам блсику школо, болница, и се што треба за помирен живот-додаваат Ерика и Здравко.

Нашиот живот се менува во моментот кога ќе донесеме нова, храбра и посветена одлука. Ерика и Здравко одлучија дека за нивното дете мораат да бидат храбри и да побараат помош. Живот на врвот на планинското село далеку од свет и цивилизација е тежок и за возрасните , а не за мало дете кое штотуку треба да расте и учи. За се во животот треба верба, а тоа е и единственото што овие луѓе го имаат во народот и чекаат на нивниот потег.

За да им помогнеме сите треба да се соберат средства и да се направат две соби во куќата што одмана ја имаат во Виница. Затоа ајде сите кој колку може да помогнеме за поубав живот на едно мало дете.

Линк за донација: https://ecrowd.mk/projects/eee39c08-b4fe-4ffe-b2e6-b2a4ff64b377