Во срцето на Велес, во една мала изнајмена соба, живее Габриела Димова – жена со голема душа и уште поголема борба зад себе. Нејзината животна приказна започнува со трагедија. На само 13 години останува без мајка. Во моментот кога ѝ требале најмногу прегратки, совети и поткрепа, животот ѝ ја одзел најголемата поддршка. Младоста ѝ ја заменува одговорноста, а тинејџерските сништа ги засенува суровата реалност. Се омажила млада, со надеж за подобро утре. Родила три деца и се борела да им овозможи живот исполнет со љубов, иако секој ден бил борба. Но животот не ѝ дал лесен пат. Напротив, ја туркал повторно и повторно. Принудена да замине од таа приказна, со срцето расцепкано за децата, оди во Велес, кај сестра ѝ, надевајќи се на нов почеток.
И тогаш, судбината ѝ го испратила вториот сопруг – човек со кој живеела седум години. Од таа љубов се родила малата Мила – девојче кое денес има само три години. Таа е срцето на Габриела, нејзината сила, иднина и причина да не падне кога сè друго се распаѓа.
Но набрзо животот повторно и задава удар. Само два месеци откако дознале дека нејзиниот сопруг е болен, тој починал. Габриела останала сама, со Мила во раце, и срце полно болка.
Габриела нема работа. Не затоа што не сака, туку затоа што како самохрана мајка, може да работи само во прва смена – кога Мила е во градинка. Денес живее под кирија, со само 9.000 денари социјална помош – пари кои не се доволни ни за кирија, ни за сметки, а уште помалку за топол оброк и детска радост.
По смртта на сопругот, на Мила ѝ припаднала една стара куќа од татко и. Но таа куќа денес е руина. Заборавена од времето, тешка од молкот и тишините. Таванот е пропаднат, прозорци нема, патосот е изгниен, купатило – не постои. Студено, празно, мрачно. Не е дом – но има надеж да стане. Секој ден таа се буди со една мисла – да ѝ обезбеди на Мила нешто што таа никогаш не го имала: вистински дом. Дом каде ќе има прозорец низ кој ќе влегува светлина, кревет каде детето ќе сонува среќни сништа, ѕидови што ќе ги чуваат спомените, наместо да ја потсетуваат на болката.
На само 13 години, Габриела ја изгубила мајка си. Детството ѝ завршило тогаш. Место безгрижност – животот ѝ подарил болка, рано созревање и борба. Многу млада се омажила, надевајќи се на нова семејна среќа. Родила три деца. Но животот во мракот не нуди лесни излези.
-Бев многу мала кога ја изгубив мојата мајка. Оттогаш како преку ноќ да пораснав. Мислев дека ако се омажам се ќе биде во ред и ќе ги решам проблемите. Но, Откако родив три деца и животот стана неподнослив морав да заминам. А, бидејќи и сама не знаев каде да одам и немав сигурен животот не смеев да ги земам и децата. Тие беа принудени да растат без мајка-започнува да раскажува Габриела.
Принудена од околности, заминала од тој брак. Се вратила во Велес, кај сестра си, со надеж за нов почеток. Судбината ѝ го донела вториот сопруг. Тука почнува ново поглавје – љубов, разбирање и мир. Од таа љубов се раѓа Мила.
Среќата трае седум години. Но болеста не тропа. Таа влегува. И два месеци откако дознале дека сопругот е болен – Габриела повторно останува сама. Со дете во раце, со солзи кои сега не ги трие – зашто мора да остане силна.
-Заминав во Велес зашто таму беше мажена сестра ми. По извесно време се омажив и тој брак ми траеше седум години. На, почетокот беше добро. Ја добивме Мила која сега има три години и живеевме складно сите тројца. Пред една година работите меѓу мене и сопругот се влошија и јас излегов со Мила под кирија. Но, татко и редовно ја гледаше и се грижеше за неа. Лани дозна дека е сериозно болен и за два месеци после тоа почина. Од 1 ноември лани Мила веќе живее без татко. Си реков, каква судбина моите први деца растеа без мајка, а сега Мила бз татко-продолжува Габриела
Денес ова двочлено семејство живее под кирија, со само 9000 денари социјална помош. Пари кои не се доволни ни за сметки, ни за храна, ни за безгрижно детство. Работата ѝ е недостапна – зашто како самохрана мајка, може само прва смена. Но, сака да работи. Бара можност, не милост.
-Поради тоа што сум сама и немам помош бев принудена да напуштам работа и да живеам со социјална помош. Барам работа само прва смена зашто попладне нема кој да ми ја чува Мила-вели таа.
По смртта на сопругот, Мила наследува стара куќа. Тоа не е дом – тоа е рушевина. Без прозорци, без купатило, таванот е пред пад. Но за Габриела – тоа е единствена надеж. Куќата не треба да биде украс – туку засолниште. Љубов. Дом. Таа верува дека и Мила заслужува да има свое ќоше, свое ќебе, свој дом. Заслужува безгрижно детство, како сите други деца. А ние – можеби токму ние можеме да помогнеме тоа да се случи.
„Не барам чуда. Само сакам моето дете да има свој кревет, свои ѕидови, свој прозорец од каде ќе влегува светлина. Се надевам некој ќе ми помогне. За Мила. Само за неа.“
Ова не е само нејзина приказна. Ова е приказна на многу самохрани мајки. На многу срца што чекаат на топлина. На многу деца што заслужуваат подобар живот.
Доколку сакате да и помогнете на Габриела за да создаде дом за Мила тоа може да го направите на нејзината сметка 270-7001074890.44 халк банка или на нејзиниот телефонски број 078965974



