Во миг, во неколку секунди – сѐ што со години се градело, исчезна. Огнен пламен го проголта домот на семејството Трифуновски од Ново Село, Гостивар. Куќата во која беа вплетени спомени, љубов, мака и надеж – повеќе ја немаше. Остана само пепел, солзи и болка. Остана празнина, но не и самотија.
Тогаш се појави нешто посилно од пламенот – човечноста. Преку емисијата „Срце на дланка“, нашиот хуман народ, компании и поединци од цела Македонија и пошироко, подадоа рака. Донациите започнаа да пристигнуваат, а семејството Трифуновски повторно почувствува дека не се сами. Со првата донација започна изградбата на новиот дом – темели на надеж и нов почеток.
Денес повторно сме со нив – зашто пристигна уште еден значаен елемент: прозорците. Благодарение на нашите хумани пријатели, Леон и Слаѓана Василевски од Гостивар, семејството доби прозорци – симбол на светлина, воздух, и надеж за утрешнината.
Од утре започнува втората етапа од изградбата – ќе се малтерисува, ќе се поставува електрична инсталација, олуци, а потоа следува мебелот и, конечно – вселувањето.
Но патот не е лесен, ниту завршен.
Затоа, упатуваме искрен апел – сѐ уште има време и потреба да помогнеме! Секој што може и сака, нека се приклучи. Без разлика дали е финансиска поддршка, градежен материјал, мебел или услуга – сѐ значи. Колку побрзо се заокружи изградбата, толку побрзо семејството Трифуновски ќе го добие она што го изгуби – својот дом.
Хуманоста не знае за граници. Таа се мери со срце. А токму вие сте тие што постојано го покажувате тоа “срце на дланка”.
За помош на семејството можете да се јавите на нивниот телефонски број:078925769
Линк до емисијата:



