Срце на дланка започна со изградбата на куќата на Ѓоко во `Ржаничино

Пред пет месеци ја раскажавме тешката животна приказна на семејството Георгиевски — Ѓоко, Христина и нивните три мали дечиња. Болни, без редовен приход и под кирија, тие секојдневно се бореа за елементарна егзистенција. Денес, повторно сме со нив, но со нова надеж и конкретни чекори кон подобра иднина.

Веднаш поемитувањето на нашата емисија, Христина ги направи неопходните медицински испитувања, а Ѓоко помина еден месец под грижа на лекарите од Клиниката за очни болести. Малку по малку, работите почнаа да се движат во позитивен правец.

Се започна со идејата да се гради куќа на плацот кој дедото на Ѓоко го ветил. Но, по неговата смрт, се појавија недоразбирања во семејството, а тетката на Ѓоко јасно стави до знаење дека таму нема да се дозволи градба.

Во момент кога сè изгледаше како да се распаѓа, се појави нова надеж — плац во Ржаничино, обезбеден со позајмени средства. 300 квадрати земја, на која овој татко повторно започна да сонува.

Тука стапува на сцена хуманитарецот и бизнисмен Џемал од „Ол Проџект“. Со големо срце и подготвеност да помогне, Џемо понуди хуманитарно да изгради монтажна куќа од 30 квадрати

Плановите започнаа, и денес сме токму тука – на новото парче земја каде ќе се роди новиот почеток за ова семејство.
Џемо ни објаснува како ќе тече процесот на изградба, кој се планира да заврши за само 15 дена. А потоа – Ѓоко, Христина и нивните дечиња конечно ќе се преселат во својот нов дом, и ќе почнат да го живеат сонот што долго време им беше недостижен.

Ова не е само приказна за тешкотиите, туку за човечноста, солидарноста и вербата дека кога срцето е на дланка – ништо не е невозможно.

За семејството Георгиевски, новата куќа не е само покрив над глава – туку симбол на нов живот, надеж и иднина за нивните три мали ангелчиња.

А таму каде што има љубов, поддршка и добри луѓе – секој сон може да стане реалност.

Линк до емисијата: