Животот ја научил што значи мајчинска борба!

Приказна за три мали души што се борат за секојдневието, за мајка што не се предава!

Од мирното езеро на Дојран, каде водата ја носи тишината на векови, преку старите
камени патеки и дворови што шепотат спомени – се раѓа приказна што го трогнува
секое човечко срце. Приказна за три мали души што се борат за секојдневието, за мајка
што не се предава, и за баба чии раце, иако уморни, сè уште држат цел дом исправен.
Ова е приказна за храброст, за љубов која не се мери со пари, за надеж која сјае и кога
животот ја гаси.
Во нивната мала, скромна куќа, детскиот смеење се меша со тивка грижа и невидлива
борба. Мајката – жена која животот ја принудил да порасне побрзо отколку што
посакала – секое утро станува пред сите. Ги буди своите две мали дечиња:
осумгодишната ќерка што сонува големи соништа и четиригодишниот син кој верува
дека светот е добар. Ги облекува, им подготвува појадок, ги носи во училиште … а
потоа, пред да продолжи со денот, тивко шепоти молитва. Молитва за сила. За трпение.
За уште еден ден во кој ќе успее да ги заштити. Со нив живее и нејзината мајка – бабата. Но таа не е само член на семејството. Таа е темел. Таа е оној невидлив штит што ги брани од светот. Жена која кога била млада
многу се смеела, многу работела, многу давала. И животот ја научил што значи
мајчинска борба. А денес… таа повторно ја живее истата приказна, но сега за своите
внуци. Со скромна пензија што едвај стигнува за леб, лекови и неколку сметки, бабата
дава сè што има. Понекогаш и повеќе од тоа. Многу вечери таа тивко го прескокнува
својот оброк – само за да има повеќе за нив. Мајката останала сама со две мали деца. Сама ја носи тежината на деновите, сама се соочува со грижите. Работи каде и кога ќе најде можност – чисти, помага, прифаќа
каква било работа, само ако има кој да ги причува децата. Но тие можности се ретки. А
потребите се секојдневни: оброк, облека, лекови, тетратки, книги, превоз.
Секој ден е нов предизвик. „Оваа мајка, со две мали дечиња кои со љубопитни очи го гледаат светот, се бори секој
ден за нивното утре. Со секое изутринско будење, со секоја грижа, со секој чекор – таа
има само една желба: да им обезбеди пристојна, мирна и сигурна иднина.
Затоа денес, со сета своја сила и достоинство, оваа мајка бара работа. Не бара
милостина – бара можност. Бара шанса чесно да заработува, да создаде стабилен дом за
своите деца, да им подари детство исполнето со љубов, а не со страв дали ќе има
доволно за утре. Нејзината најголема болка е немоќта, а најголема надеж – добрина од луѓето. Денес таа
зборува за првпат… со трема, но и со огромна љубов.“ Но во тој дом има нешто помоќно од сите тешкотии – има љубов. Има мир, има прегратки, има детска радост. Има мајка која се бори со сите сили за своите деца. Има
баба која го дава последното од себе за да им биде подобро. Нивниот дом можеби е
мал, но срцето во него е огромно.
Сепак, постојат моменти во кои тишината во таа куќа тежи. Моменти кога мајката се
прашува: „Како ќе стигнеме до крајот на месецот?“ Моменти кога стравот од
утрешниот ден ѝ ја стега душата. Но децата не го гледаат тоа – тие ја чувствуваат само
љубовта. Нивната радост, нивните мали победички, нивните несмасни детски
прегратки ѝ даваат сила да продолжи. „А ова е нејзината ќерка – осумгодишно девојче со големи очи, полни со добрина и соништа. Иако е мало, животот веќе ѝ донел моменти што тешко се носат.
Еден ден, на училиште, кога сите деца раскажувале што правеле за време на одморот,
таа тивко кажала дека и таа била на патување. Кажала бела лага… само за да не биде
единствената што не отпатувала никаде.
Дома, цела ноќ не спиела. Малечкото срце ѝ треперело, не од страв, туку од грижа.
Следното утро, со собраена храброст каква што ретко има дете на нејзини години, таа
им се извинила на наставничката и на соучениците. Им ја кажала вистината.
А има уште нешто што тешко ѝ паѓа… Девојчето повеќе од една година не е однесено
на очен преглед, иако има потреба – не затоа што мајката не сака, туку затоа што
немаат пари за тоа. Тоа мало девојче… одбрало чесност пред гордост. Вистина пред лага. И во тој момент
– таа покажа колку големо е нејзиното срце.“ Денес, цеј дом не бара луксуз. Не бара многу. Бара само да преживее. Бара шанса. Мајката бара работа. Бара поддршка – финансиска, материјална, хуманитарна. Бара
можност нејзините деца да имаат топол дом, храна на масата и надеж за подобро утре.
Таа не моли – таа се надева. И се бори. Зашто зад секое семејство има приказна. А зад ова семејство има три срца што чукаа во ист ритам. Три срца што бараат само малку светлина. Малку добрина. Малку
човечност. И понекогаш… и најсилните срца, и најхрабрите мајки, и најпосветените баби – имаат
потреба од туѓа рака. Од туѓа помош. Од нечија добрина. Од срце на дланка. Денес ви ја претставуваме оваа семејна приказна не за да разжалиме, туку за да потсетиме: добрината е најголемата сила. Со мал придонес од секој од нас може да се промени нивниот свет. Може да се донесе насмевка таму каде што одамна нема. Може
да се биде причина за надеж. Да бидеме дел од нивната приказна. Да бидеме дел од нивниот спас.
Да подадеме рака. Да подадеме љубов. Да подадеме срце… на дланка.