Топлата вода ја загреваат на плинско, а децата ги бањаат во корито!

Во „Срце на дланка“ ќе ја слушнете приказната на едно скромно, но борбено семејство од Богданци – семејство со четири прекрасни дечиња, кое секој ден живее во услови што ниту едно семејство не
заслужува да ги почувствува. Во куќа стара и разнишана, без основни услови за живот, тие се борат
да опстанат со една единствена плата. Во дворчето пред куќата — мал импровизиран тоалет, а во домот, просторија што служи и како кујна и како бања. Топлата вода ја загреваат на плинско, а децата ги бањаат во корито. Но она што најмногу трогнува е дека и во најтешките денови, оваа мајка и овој татко никогаш не дозволиле нивните деца да трпат, да бидат нечисти, или да не почувствуваат љубов и грижа. Сега ќе ја видите нивната вистина. Ќе слушнете тивките желби на децата, кои наместо играчки сонуваат за сопствено креветче… топла соба… и бања што не е корито и вистинска роденденска торта… Ќе бидеме таму — да слушнеме, да подадеме рака… и да покажеме
дека кога ќе се собереме, можеме да промениме нечиј живот. Мајката, млада, силна и скромна, секојдневно бара работа. Со надеж дека со втор приход ќе им овозможи на своите четири дечиња покрив
што не протекува, топлина што не гасне и дом што ќе биде дом. Таткото, вреден и тивок борец, работи колку што може… но со една плата — семејството не може да преживее. И самиот растел во тешко детство, исполнето со лишувања и борба, па затоа неговата најголема болка денес е што не може да им овозможи повеќе на своите деца. Секој ден се труди до последен атом сила, за да не почувствуваат она што тој го почувствувал како мал. Но животот
е тврд, а можностите мали… и болката што ја носи во себе е што, и покрај сета негова сака и труд, домот што секогаш го сонувал за нив сè уште е само сон.
А најголемата болка… и најголемата светлина во ова семејство – е малата Мила. Дете толку скромно, толку тивко и кротко, што дури и мечтите ги кажува со трема, како да се плаши да бара нешто само за себе. Мила, која на својата возраст треба да размислува за играчки, торти и роденденски желби… Мила, која веќе осум години не дувнала свеќа на торта, ниеднаш. Ниту еднаш. Нема фотографија со роденденски капче. Нема песна „Среќен роденден“. Нема ни моменти кои други деца ги имаат по навика. Но она што ја прави посебна, она што ги крши срцата на сите што ќе
ја слушнат, е нејзината детска, а толку голема душа. Кога ја прашавме што би направила со првите пари што ќе ги
заработи, таа не рече дека сака соба за себе. Не побара играчки. Не побара ништо што лично ѝ недостасува.
Со најискрен глас рече: „Прво ќе им направам соба на мама и тато… тие заслужуваат.“ Тоа го кажува дете кое нема своја соба. Дете кое се бања во корито. Дете кое нема торта на свој роденден. И кога ја прашавме што си посакува за следниот роденден… Не побара подароци. Не побара ништо големо. Само тивко рече: „Само торта… и една свеќа да си дувнам.“ Мила расте во сиромаштија, но срцето ѝ е побогато од многу наши. И додека другите деца мечтаат за нови телефони, нови играчки и патувања, нејзината најголема желба е нешто што секој од нас го  смета за најобично — торта со една единствена свеќа. Во „Срце на дланка“ ќе ја слушнете приказната за едно семејство од Богданци – мајка, татко и четири деца. Живеат во стара и разнишана куќа, без основни услови за живот. Во една просторија е кујна и бања, а децата се бањаат во корито. Мајката секој ден бара работа, таткото работи колку што може, но со една плата семејството едвај преживува. Најмала е Мила – дете кое осум години не дувнало роденденска свеќа.
Кога ја прашавме што би посакала, рече: „Само торта… и една свеќа.“ Не играчки, не подароци – само една мала, едноставна желба. Ова е приказна за борба, љубов и достоинство. За семејство кое секој ден се надева дека утре ќе биде подобро. И за едно дете кое учи што значи да се сака, дури и кога животот е тежок. Контакт телефон Габриела 076651926