
Во дом каде што ѕидовите одамна ја изгубиле бојата на надежта… каде што студот е постојан гостин,
а тишината зборува погласно од секој крик… Мајка и син Двајца луѓе, една судбина. Без тоалет. Без вода.
Без основни услови за живот Секој ден започнува со истата борба –како да се преживее уште еден
ден кога немаш ни она што за другите е нешто најобично. Мајка која со солзи во очите се обидува да биде силна и син кој
прерано научил што значи лишување. Немаат што да побараат за себе…освен шанса. Не бараат луксуз. Не бараат богатство. Бараат достоинство Бараат место каде што ќе можат да измијат раце со чиста вод каде што нема да се срамат од условите во кои живеат,
каде што детството нема да биде болка,а мајчинството – постојан страв.
Ова не е приказна за сиромаштија. Ова е приказна за храброст. За љубов која опстојува и кога сè друго исчезнува. „Срце на дланка“, ја отвораме вратата на еден дом без услови,но со срце полно надеж. Дали заедно можеме да им помогнете да започнат нов живот? Бидејќи понекогаш, едно подадено срце е доволно за нечиј цел свет да се промени… „Срце на дланка“ – таму каде што болката станува надеж. Во дом каде што ѕидовите ја кријат болката, а тишината ја чува срамежливата мака… каде една соба е се и кујна, спална, дневна…и единственото место каде што има топлина. Но и место каде што срамот боли повеќе од студот. Мајка која со наведната глава признава дека ѝ е срам да седи во иста соба со сопствениот син. Не од љубов — туку од условите во кои живеат. Кога ќе дојде време за капење, таа мора да го избрка детето од домот.Да ја заклучи вратата. Да се избања во корито, во истата таа соба, каде што го минуваат секојдневието. Без бања. Без тоалет. Без вода. А телото — веќе преморено. Таа поминала низ тешка операција. Ја чека уште една. А болеста повторно се враќа. Циста на црниот дроб. Страв кој не ѝ дава мир ни дење, ни ноќе. Но таа не зборува за болката. Не моли за себе. Таа бара само едно. Материјали. Неколку ѕида. Цевки за вода.Мал тоалет. Услови за живот. Достоинство Дом каде што нема да мора да го избрка сопствениот син за да може да биде мајка… и жена… без срам. Ја слушаме исповедта на мајка која не бара сочувство,туку шанса. Шанса да ја поправи куќата. Да внесе водовод. Да направи тоалет. Да создаде дом, а не само покрив над глава. Затоа што никој не треба да се срами што се бори да преживее.
Има 26 години. Години во кои многумина градат соништа… а тој – учи како да преживее. Стои пред камерата. Голем, возрасен човек. А солзата што му се лизга по лицетo е иста како солзата на мало дете што прерано научило што значии немоќ.
Не плаче за себе. Плаче затоа што нема како да ѝ помогне на мајка си. Момче кое нема бања во својот дом. Кое оди кај другарите
само за да може да се избања како човек. Кое се враќа назад во куќа каде што нема вода, нема тоалет,но има одговорност поголема од
неговите години „Не ми требаат пари…“ — вели „Дајте ми материјали. Цемент. Цевки. Неколку плочки. Со сопствени раце ќе ја среди
куќата. Ќе копа. Ќе носи. Ќе гради. Затоа што силата ја има Само условите му недостигаат. Ова е момче кое знае што значи срам.
Што значи да немаш каде да се избањаш Што значи да гледаш како мајка ти тивко страда, а ти да не можеш
ништо да направиш. И токму затоа ветува. Дека кога ќе застане на нозе, кога ќе добие шанса, кога ќе го среди домот, ќе им помага на сите. На секој што се бори. На секој што плаче во тишина Затоа што тој точно знаемколку е тешко да се живее вака.
Ова момче нема ништо освен срце, волја и достоинство. И понекогаш, токму таквите луѓе имаат најмногу што да дадат.
Денес не ви покажавме бројки. Не ви покажавме статистика. Денес ви покажавме живот. Мајка и син кои секој ден се будат без основни услови, без вода, без тоалет, без простор за достоинствен живот. Ви покажавме мајка која во тишина ја носи болката од болеста, од операциите што ја чекаат,и од срамот што никој не би требало да го чувствува. И ви покажавме момче од 26 години кое плаче како дете, но зборува како човек што прерано пораснал. Тој не побара пари. Побара материјали. Со сопствени раце да ја поправи куќата. Да внесе водовод. Да направи тоалет. Да ѝ подари на мајка си она што секој дом треба да го има – услови за живот. Нивната желба е мала. Но нивната мака е голема. Затоа денес,бараме помош. Од вас. Од сите што веруваат дека достоинството не е луксуз, тука право. Секој материјал значи чекор поблиску до дом. Секоја подадена рака значи надеж. Секое срце — шанса за нов почеток. Да им помогнеме да не мораат повеќе да се срамат. Да не мораат да молчат. Да не мораат да живеат вака. Бидејќи денес тие бараат помош. А утре, тие ќе бидат тие што ќе помагаат на другите.
Од срце, ви благодариме што сте со нас.
„Срце на дланка“ – затоа што заедно можеме да промениме
нечиј живот.



