Ова е приказна за жена која уште од најрана возраст не го запознала значењето на зборот „безгрижно детство“.
Нејзиниот живот започнува со загуба. Кога има само пет години, ја губи мајка си – единствената личност што требало да ѝ биде засолниште. Наместо прегратка, добива тишина. Наместо дом, добива неизвесност. Таткото се откажува од неа. Таа останува сама во свет кој за едно дете е премногу суров. Детските години ги минува низ згрижувачки семејства, преместувана од место на место, без чувство дека некому припаѓа, без сигурност дека утре ќе има каде да се врати. Расте пребрзо. Уштe да преживува наместо да сонува. Кога станува мајка, верува дека животот конечно ќе ѝ даде шанса. Но наместо љубов и поддршка – повторно добива болка. Со првиот партнер раѓа дете. Насилството станува секојдневие – психичко, физичко, понижување. Собира храброст и успева да се извлече. Но судбината повторно ја враќа во истиот круг. Со вториот партнер раѓа уште две деца. И повторно – страв. Повторно – навреди, удари, закани. Насилство кое не ја погодува само неа, туку и нејзините деца, кои растат гледајќи сцени што ниедно дете не смее да ги памети. Со години пријавува. Се обраќа до институции.Бара заштита, бара спас. Но системот не реагира Или реагира предоцна. Или не реагира доволно. Таа останува сама – жена против насилството, мајка која со своето тело ги штити децата, додека законот и институциите молчат. Сè додека еден ден, со треперливи раце, го вклучува телефонот и го снима моментот кога нејзиното дете е брутално претепано. Тоа видео станува доказ. Вистината конечно не може да се игнорира Насилството е докажано. Насилникот денес е зад решетки Но кога вратите од затворот се затвораат за него, се отвораат нови, тешки врати за неа. Денес, оваа мајка е сама со своите три деца. Без стабилни примања. Без сигурност. Со страв дека може да го изгуби единствениот дом што го имаат – куќата стекната во брак, домот во кој децата барем имаат кров над глава. Пред неа е нова битка – правна, финансиска, животна. Битка да го задржи домот. Битка да им обезбеди нормално детство на децата. Битка да не мора повторно да преживува – туку конечно да живее Потребна ѝ е финансиска помош – за основни услови за живот. Потребна ѝ е правна помош – за да ја оствари правдата што ѝ припаѓа. Потребна ѝ е поддршка – за да знае дека овојпат не е сама. Ова не е приказна за слабост. Ова е приказна за мајка која, и кога паднала на дното, станала заради своите деца. Ова е приказна за жена која преживеала сè – и сè уште стои. Денес, таа ја подава раката. Не бара милост – бара шанса. Да ѝ помогнеме да ја задржи надежта. Да ѝ помогнеме да го зачува домот. Да ѝ помогнеме децата да растат без страв. Затоа што секое дете заслужува мир. А секоја мајка заслужува поддршка. Во ова семејство, децата не растат како другите. Тука детството не се мери со игра, туку со одговорност. Најстарото дете – девојчето – пораснало премногу рано Додека другите деца сонуваат, таа мисли како да помогне. Додека другите играат, таа се грижи. Таа е десна рака на својата мајка. Помага околу помалите сестри – ги облекува, ги чува, ги теши. Знае кога некоја плаче, знае кога ѝ треба вода, прегратка, тишина. Ги чита нивните потреби како возрасен, иако е дете. Во нејзините очи нема детска наивност. Има будност. Има страв. Најголемиот страв на ова девојче не е темнината и не е грмотевицата не е училиштето. Нејзиниот најголем страв е мајка ѝ да не се разболи. Затоа што таа знае – ако мајка ѝ падне, нема кој да ја фати. Таа го носи товарот што не ѝ припаѓа. Товарот на грижа, на одговорност, на тишина. Товар што едно дете не треба да го носи. Помалите сестри сè уште не разбираат сè. Но чувствуваат. Чувствуваат кога домот е тивок. Чувствуваат кога мајката е уморна. Чувствуваат кога сестрата е премногу сериозна за своите години. Овие деца не бараат многу. Бараат мајката да биде добро. Бараат домот да остане нивен. Бараат да имаат право да бидат деца. Девојчето не кажува гласно, но секоја вечер се моли исто: мајка ѝ да биде жива, здрава и силна.Затоа што таа уште не е подготвен да биде возрасната во оваа приказна Овие деца не смеат повторно да изгубат сигурност. Не смеат повторно да преживуваат. Да им вратиме дел од детството што никогаш го немале. Жиро сметка на Венера 210501702349370 Venera Angjelkovikj. телефонски контакт Венера 076217519
Кога станува мајка, верува дека животот конечно ќе ѝ даде шанса.



