Зад нејзината тивка насмевка стои мајка што секој ден се распаѓа… и повторно станува. Поради нив. Поради своите три деца.

Постојат луѓе што животот ги милува нежно… и луѓе што животот ги става на најтешките испити. А таа… таа е жена што поминала низ двете страни на судбината. Родена како посакувано и сакано дете, растеше во топол дом исполнет со смеа, љубов и сигурност. Детството ѝ мирисаше на неделни ручеци, мајчина прегратка и таткова поддршка. Учеше дека добрината е најголемата вредност, дека човек треба чесно да чекори низ животот и дека со труд сè може да се постигне. Беше вредна, амбициозна и скромна. Учеше, се бореше, ги остваруваше своите соништа и заврши факултет. Од она мало насмеано девојче израсна во прекрасна млада жена — полна со живот, надеж и љубов што сакаше да ја подели со светот. А тогаш… љубовта тропна на нејзината врата. Го запозна човекот со кого веруваше дека ќе го помине целиот свој живот. Човекот кому му го довери срцето, својата младост, своите соништа. Се сакаа искрено, чисто, силно. Се венчаа, создадоа семејство и заминаа во Битола, таму каде што мислеа дека ќе ја градат својата иднина. Купија куќа… не само ѕидови и покрив, туку дом исполнет со планови, надежи и детска смеа. Заедно ги бираа боите на ѕидовите, заедно сонуваа за деновите што доаѓаат. Наскоро им се роди дете. Потоа уште едно. Нејзиното срце беше полно. Имаше семејство, љубов, деца… имаше причина секое утро да се буди среќна. Но понекогаш… животот тивко почнува да руши сè што си градел со години. Нејзиниот сопруг почна да се менува. Лошото друштво полека го оддалечуваше од семејството. Алкохолот стануваше секојдневие. Човекот што некогаш ја гледал со љубов во очите, почна да ја гледа со гнев. Домот што го создаваа со љубов стануваше место исполнето со страв, расправии и солзи. Таа молчеше. Трпеше. Се надеваше дека е само тежок период. Дека човекот што го сака ќе се врати повторно. Но наместо мир — дојде насилството. Навреди што ја кршеа душата. Денови исполнети со страв. Ноќи во кои плачела тивко, само за да не ги разбуди децата. И токму тогаш… кога под своето срце го носеше и третото дете… нејзиниот живот целосно се распадна. Осаменa, исплашенa, но храбра како никогаш дотогаш, една ноќ ја донела најтешката одлука во својот живот. Со две мали деца покрај себе… и во осми месец бременост… избегала. Не понела ништо освен стравот во очите и надежта дека некаде постои спас. Се вратила кај своите родители. Во домот каде што некогаш била безгрижно девојче. Барала мир… малку сигурност… малку сила за да продолжи понатаму. Но судбината повторно ја удри таму каде што најмногу боли. Нејзината мајка починала. Жената што ѝ била потпора, утеха и последно засолниште засекогаш ги затворила очите. И таа останала сама. Сама со три мали деца, без работа, без сигурни приходи, со само 8.000 денари пензија и со секојдневна борба како да преживее до утре. Денес оваа мајка не бара луксуз. Не бара богатство. Таа бара само шанса. Шанса нејзините деца да не легнуваат гладни. Шанса да имаат топол дом. Шанса да растат без стравот низ кој таа поминала.

А зад нејзината тивка насмевка… се крие жена што секој ден се распаѓа, но повторно станува. Поради нив. Поради своите три деца!

250500010963705 – SPARKASE BANKA – Стојче Спасовски Сметка за помош на Катерина Пецурова контакт број 075614193