Утрото денот го покажува, а, детството остатокот од животот ако се водиме по тоа правило. Токму таков, тежок и беден било и детството на Драган Величковски од Коњух, Кратово, кој од 4 години останат без мајка сиот живот ќе се бори по ливадите и пасиштата како овчар за корка леб. Љубовта кон сопругата и семејството ќе го направи пожртвуван татко, кој за да заработи за куќа ќе помине многу ридишта и планини за да купи скромно земјиште и издигне една соба. Веќе 11 години таа соба ја отсликува секоја негова капка пот, но, за жал исто толку години тој се бори да воведе струја во неа и да ги стопли трите дечиња Кристина, Петар и Матеј. Темнината е дупло потешка за Катерина, сопругата на Драган, која како мала поради висока температура станува слабовидна, а од ден на ден состојбата и станува се потешка. Ова семејство земало скромни средства од детски и образовен додаток, но, желбата на Катерина да се вработи и да придонесе во семејството била толку голема, што надевајќи се дека работодавците нема да забележат се пријавила во една фирма и за работа од 15 дена ги губи и тие минимални средства кои дотогаш ги земале. Сега се останува на плеќите на Драган. Тој чува две крави за некоја млекарница со која го дели приходот и тие средства одат за лечењето на малата Катерина која боледува од Вилсонова болест која со месеци лежи на клиниката во Скопје. А, малите Петар и Матеј наместо да учат и уживаат во детските игри, ги пасат кравите, додека нивниот татко оди по куќи за да заработи некој денар. Се ќе поминеме, и без леб и без облека, но струјата ни е најпотребна за да малку барем ни се олесни животот-ќе кажат тие.
Драган потекнува од Коњух, но, уште како млад почнува да чува овци и да заработува за живот. Така ја запознава и својата сопатничка Катерина, која сиот живот оди зад него и му е ветер во грбот. Пред него и не може зашто како дете го изгубила видот и едвај 10 проценти очите денес и служат за да може да ја зачисти куќата и да и даде лекови на ќерката која боледува од ретка болест. Тие од млади на различни места заработувале од чување стока за други, со што купуваат плац во Гулиновац и градат скромна куќа од една соба во која го сместуваат своето семејство.
Можеби пред неколку века животот без вода и струја некако можел и да се замисли, но денес тие се двигатели на животот и незамисливо е ниту ден без нив. За жал, Драган со семејството веќе 11 години живее во мрак. И, додека ќерката со месеци лежи во болница, а сопругата и дење и ноќе гледа само мрак, тој со синчињата принуден е да пасе крави и работи по куќи за да донесе парче леб за фамилијата. Иако, најчесто лебот е заменет со лекови за Кристина поради што таа чувствува голема вина и е несреќна. Сепак сите до еден ќе речат, со се би се справиле само да видиме еден ден и во нашата куќа да светне светло и да живееме како другите луѓе.
Секој ден, едни битки добиваме, а други ги губиме. Се разочаруваме, но не се предаваме. Зашто силните луѓе и кога се најповредени знаат дека зад себе имаат некој кој ги направил такви. А, тоа се вика живот.
Доколку сакате да му помогнете на ова семејство тоа можете да го сторите на следнава трансакциска сметка 320500029831943 Централна Кооперативна Банка Скопје или на тел број 078545498.



