Минатата недела во Срце на дланка ви ја раскажавме трогателната животна сторија за малите херои Антонио и Димитар од Гостивар – две ведри детски души кои и покрај тешкиот живот, не престануваат да сонуваат. Заедно со нивната самохрана мајка Наташа, која се соочува со сериозна болест, живеат во скромни услови, но со огромно срце и уште поголема надеж.
Топлината на нивната приказна не остави никого рамнодушен. Веднаш по емисијата, се активираа хумани граѓани и организации. Хуманитарната организација Дава секојдневно носи топол оброк за семејството, а насмевките на децата станаа уште посветли благодарение на новата спортска облека и реквизити за фудбал.
Фудбалскиот клуб Пролетер исто така ги отвори своите врати. Тренерите им понудија можност на Антонио и Димитар да тренираат со тимот и да чекорат по патот до исполнување на нивниот најголем сон – да станат познати фудбалери.
Но, иако срцата им се исполнети со надеж, нивниот дом сè уште не е место каде што секое дете треба да расте. Мајката Наташа, иако силна и борбена, ја спречува болеста да работи и да обезбеди попристоен живот за своите деца. Во нивниот дом недостигаат основни услови – немаат купатило, децата се бањаат кај роднини, немаат детска соба, нови прозорци ниту функционален мебел.
Затоа, со чисти и искрени срца, Антонио, Димитар и нивната мајка Наташа повторно се обраќаат до сите нас – со благодарност за досегашната помош и со молба да им помогнеме уште малку. Сега кога имаат шанса за подобра иднина, да им помогнеме да го реновираат својот дом и конечно да добијат услови достојни за едно детство.
Помогнете им да не престанат да веруваат – дека добрината постои, дека сонот е достижен, и дека заедно можеме да промениме животи.
За реновирање на домот на Наташа и нејзините две деца донираме на нејзината трансакциска сметка 200003839365916. Број за контакт на семесјтвото е 078589540
Линк до емисијата:



