Во едно од најтрогателните изданија на „Срце на дланка“ што го снимавме на почетокот од годината, ја запознавме Елена Ристова и нејзиното семејство. Нивната приказна не остави никого рамнодушен. Елена и нејзиниот сопруг, тоагаш раскажаа дека иако обајцата работат напорно, живеат во многу тешки услови – сите заедно, со децата, во една единствена соба.
Секоја вечер, децата немаат каде да легнат, а Елена со солзи во очите ни раскажа колку боли чувството кога не можеш да им обезбедиш на сопствените деца еден агол за спиење, тишина, приватност и достоинство. Нивната борба за подобар живот е секојдневна, но без вистинска поддршка – не беше можно да направат повеќе.
Денес, со голема надеж и возбуда, ви пренесуваме дека работите конечно се придвижија и вековниот сон на ова семејство конечно почнува да се остварува!
-Пресреќни сме што се придвижија работите и луѓето донираа за моите деца да имаат поширок дом- е првиот коментар на Елена.
После емитувањето на сторијата во Срце на дланка тие веќе гледаат посеветла иднина. Започнаа плановите за реновирање и проширување на домот. Па откако се направи план што и како ќе се работи од страна на стручни лица тие набавија материјали со донираните средства и повикаа мајстори.
-Имавме и мали проблеми. Мајсторот што го најдовме кога требаше да почнеме се разболе па работите беа одложени. Најдовме нова екипа, и веќе од денес ако дозволат условите ќе се започне-додава таа.
Работите на нивниот нов дом веќе се во полн ек – се ископаа темелите, започна изградбата на карабината, а сите потребни материјали за градбата се обезбедени. Благодарение на големите срца на нашите гледачи, донатори и хуманитарци, семејството Ристови го добива најважниот подарок – нов почеток.
-Одиме преку ден на работа, а попладне јас и Елена и сами нешто подработуваме. Одам собирам стари керамиди и ги наполнив темелите сам. Верувам дека се ќе биде добро и наскоро ќе може безгрижно да живееме во поширок дом вели за крај Златко, сопругот на Елена.
Доколку сакате да помогнете да се доизгради домот на ова семејство контактирајте ги на нивниот личен мобилен број 078362429
Линки до емисијата:



